Поучна приказна од 60 секунди: Парите од старецот ми ги отворија очите
Еднаш еден бизнисмен бил до врат преполн со долгови и никако не можел да најде решение за својата ситуација. Должел на банката, на неговите доверители, а добавувачите барале исплата секој ден.
Решил да се прошета во најблискиот парк, барем за момент да заборави на грижите и несреќните мисли да ги исчисти од неговиот мозок. Седнал на клупа, ја навалил главата и започнал да смислува идеи кои можат да му помогнат да си го спаси бизнисот од банкрот.
Одеднаш, пред него се појавил постар човек.
„Гледам дека нешто те мачи“ - рекол.
„Зошто не си ги споделиш мислите со мене?“ - додал.
Бизнисменот му раскажал сè за неговите проблеми, за недостатокот на финансиски средства и одбивањето кое го добил од банката да земе уште еден кредит за да го промовира својот бизнис. Стариот човек го прекинал во набројувањето и му рекол:
„Мислам дека можам да ти помогнам“.
Го прашал бизнисменот како се вика и му напишал чек.
„Земи ги париве. Ќе се сретнеме точно за една година и ќе можеш да ми ги вратиш“.
Бизнисменот немал ни време да се заблагодари пред стариот човек да исчезне во гужвата.
Го погледнал чекот. Стариот човек напишал импресивна сума од $500.000 долари, а под парите стоел неговиот потпис - Џон Рокфелер, еден од најбогатите луѓе во светот.
„Инстантно можам да заборавам на моите проблеми“ - си помислил бизнисменот.
Но, наместо да ги троши парите, решил да ги зачува во сеф и самиот да најде начин како да си го спаси бизнисот.
Откако си го вратил животниот елан, успеал да направи нови договори за големи продажби. По само неколку месеци, повеќе не должел пари и повторно започнал да заработува. Година дена подоцна, се вратил во паркот со чекот.
Се појавил и стариот човек. Бизнисменот бил подготвен да му го врати чекот и да му раскаже за неговиот успех, кога во еден момент, истрчала медицинска сестра за да го задржи стариот човек.
„Мило ми е што успеав да го фатам“ - извикала сестрата.
„Често бега од дома и им кажува на луѓе дека е Рокфелер“ - додала.
Бизнисменот останал со подотворена уста. Цела една година се трудел сам да си ја подобри ситуацијата мислејќи дека секој момент може да ги искористи тие $500.000 долари за да се спаси.
Одеднаш сфатил, не се парите тие кои можеле да го спасат, туку нововратената самодоверба која му дала сила да постигне сè што наумил.
Запомнете: Клучно е да верувате во себеси и така ништо не може да ве одвои од замислениот успех.
Н. Г. | Црнобело