Некои ги пополнуваат брчките со ботокс, а други со солзи

Секое лице, има своја опачина. Секоја паричка има две страни. Во светот опседнат со најновиот iPhone, модни трендови кои диктираат проѕирни чизмички за оваа сезона, скапи парфеми, луксузни станови опремени со персиски килими, бесни автомобили, рачни часовници колку 12 просечни плати, постои и тој – обичниот човек.

nekoi-gi-popolnuvaat-brckite-so-botoks-a-drugi-so-solzi-1.jpg

Не можеме со сигурност да кажеме дека припаѓа на средната класа, бидејќи не сме сигурни дека таа воопшто постои.

Се претопи со ниската класа и остана да сонува за еден сосема пристоен летен одмор.

И, во светот во кој сè е црно и бело, така некако излезе да се сите богати или сиромашни.

Не можете да замижите пред луѓето кои купуваат по 4 јајца, 200 гр. ориз или одат уште половина километар пешки до другата продавница, каде што лебот е поевтин за 5 денари.

Не е можно да не ги забележувате сите тажни лица, на кои како со длето се изрезбани сите грижи и тегоби.

Некои ги пополнуваат брчките со ботокс, а други со солзи.

Како ли ќе ја истерам неделава, како ли ќе го поминам месецот до следната плата?

А, животот не запира, тој си тече, не те прашува дали си подготвен за нов ден во календарот.

Носи радости, првачиња, матуранти и студенти, свадби и родендени и мекици, а душата се смалува колку зрно кога правиш математика како ќе ги покриеш сите трошоци.

„За арно, за убаво само нека е“, си повторуваш, но неминовно мораш да си скратиш, дури и од оние малку задоволства кои ти преостанаа, само за да не се посрамотиш.

Многу одамна имав гостинка, на која ѝ избега возот. Повратната карта пропадна.

Ја убедував да не се грижи, има автобуси, ќе стигне секако дома.

„Ама картата е поскапа“, загрижено ми одговори.

Картата чинеше 120 денари.

Тогаш пропаднав во земја. Ми доаѓаше да рикнам, да се расплачам, да се распара небото и да се отвори земјата и да нè проголта такви несреќни, кога цели 120 денари претставуваат грижа и проблем.

Некој се нервира што не може да си го купи капутот од 12.000 денари.

Некој што не може да си ги дозволи фармерките од 1.200 денари.

А некој трет, што не може да стигне до дома, за цели 120 денари.

Ја платив картата и ѝ посакав среќен пат на гостинката.

Додека ѝ мавтав на автобуската, одвај ги задржав солзите, проколнувајќи го светот, општеството, неправдата и мизеријата во која гниеме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg