Им честитаме на мажите кои не патат за доминација, знаат да готват и да го смират детето кое плаче

Три пати ура за мажите на денешницата!

Denesnite-mazi-ne-se-sramat-da-zacistat-da-si-zgotvat-i-ja-razbiraat-zenata-01.jpg

За разлика од минатото, кога мажот го имал првиот и последниот збор во куќата, денешните мажи во најголем дел успешно жонглираат помеѓу оставината која подразбира дека тој треба да обезбеди сè за семејството и делот кој вели дека треба да ѝ помага на жената.

На мажите во принцип, не им е воопшто лесно.

Задоени со фактот дека тие и само тие се одговорни за обезбедување покрив над главата и макотрпна работа, па тоа ти дава слобода да си ги кренеш нозете и да се исклучиш од реалноста кога сакаш.

Но, денес работите се видливо изменети.

Денешните мажи едноставно ја разбираат жената.

Кога таа ќе рече дека е уморна, дека ја боли главата, дека сака да се види со пријателките, мажот не ги доживува овие работи како каприци или будалести желби поради премногу читање на викенд-љубовни романчиња.

Напротив, тој ѝ излегува во пресрет, без да ѝ се потсмева, без да ја омаловажува.

Денешниот маж знае да се снајде за јадење, знае да си зготви. Нема инаетливо да застане и да рече: „Ќе умрам за јадење ако жена ми не е дома да ми направи ручек“.

Секако дека нема да умре за јадење, немало да умре никој и во минатото ако ги оставеле доволно долго без константно притресување и страв.

Денешниот маж прави хаос, но умее и да го среди. Не се срами да зачисти, да испазари, да го фрли ѓубрето.

Разбира дека е страшно малоумно да остава расфрлани чорапи и долна облека на подот.

Денешните мажи ја разбираат потребата од образование, ја поттикнуваат жената да ги следи соништата, го прославуваат секој успех со неа и едноставно се гордеат.

А најмногу од сè, денешните мажи помагаат со дечињата.

Апсолутно сите млади татковци кои ги познавам знаат да сменат пелена, да ги нахранат дечињата, да ги прошетаат, да ги заиграат и да ги чуваат кога е потребно.

Така што, дојдов на почетокот – три пати ура за мажите на денешницата!

И да, големината на мажот не се мери во неговата физичка сила или способноста да донесе грст пари дома, а психички и емоционално да биде исклучен од сите околу него.

Големината на еден маж е во неговата способност да се грижи за себе и за неговите сакани најдобро што умее, без притоа да се чувствува или да ја наметнува агендата дека е доминантен и најважен.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg