10 кратки мудрости за среќа, секој ден
Животот не мора да биде сложен, ние самите си го правиме комплициран обидувајќи се да дојдеме до недостижни работи, трудејќи се да бидеме нешто што не сме...
Неколку кратки и едноставни мудрости за среќа секој ден:
1. Ако нешто не ви се допаѓа во продавница, не мора да го купите.
2. Мажот или жената кои ве познаваат само по телото и не заслужуваат да бидат во вашата близина.
3. Кожата е само кожа, кога ќе почнете да ѝ придавате поголемо значење од душата, сте го изгубиле она што ве прави човечко суштество.
4. Не можете никого да натерате да ве сака.
5. Љубовта е љубов, а дали некој ќе се сложи со амбалажата во која доаѓа, воопшто не е важно.
6. Ако ви треба помош, побарајте ја.
7. Ништо на овој свет не може да ве симне на дното ако едноставно не одберете да се фатите за сидрото.
8. Имате само еден живот во кој можете да направите сè што сте замислиле, не два, не девет.
9. Опкружете со луѓе кои ве сакаат и само во тие луѓе вложувајте ја вашата енергија.
10. Денес е прекрасен ден за живеење. И така, секој ден.
Н. Г. | Црнобело