Како го почнав моето „среќно до крајот на животот“, без тебе...
Сликата за нашиот однос која ја прикажувавме пред јавноста беше бајковита. Средношколска љубов, минавме низ многу и најдовме начин да бидеме заедно. Како од некоја бајка...
Но, таа слика никогаш не беше вистинита.
Конечно сфатив дека јас сум била таа која се плашела од нашата совршена куќа на покрај езеро. Ми беше совршена затоа што мислев дека ќе ја делам со тебе.
Се плашев. Плачев. Со секој потег чувствував како ми се крши срцето.
Мислам дека знаев дека никогаш нема да ставам нов сет садови во оној наш стар заеднички плакар.
Мислам дека знаев дека никогаш нема да го делиме креветот во една иста соба.
Мислам дека знаев дека ќе си отидеш пред да стапнеме во нашиот заеднички дом.
Понекогаш се прашувам, дали воопшто те познавав? И двајцата се променивме во текот на годините, а секогаш мислев дека ќе пораснеме заедно. Ти секогаш имаше една нога, надвор од вратата.
Знам дека мислиш дека сум ти лута што си отиде. Дека те обвинувам за сè. Сигурно ти беше полесно да ми пратиш порака од некој друг крај на Земјата за 10 години да ги фрлиме во ветар.
Не можам да го објаснам тоа чувство.
Како некој да го потегна тепихот од под моите нозе од местото каде стоев и оттаму продолжив да паѓам како во забавена снимка.
Како да останав заробена во нашиот дом, додека торнадо го уништуваше и го одземаше секој здив, а моето срце полека се кршеше.
Ми даде кратко и нецелосно објаснување.
Ме обвинуваше дека сум се променила. Знаев дека нема да ставам крај со тебе. Никакви зборови за утеха, никаков знак на љубов. И така полека си земав сè од нашиот дом и создадов свој.
Мислам дека знаев дека се плашиш.
Мислам дека знаев дека не можеш да примиш толкава љубов колку што посакував да ти дадам.
Мислам дека знаев дека ќе бидам бескрајно среќна без тебе.
А, и ти го знаеше тоа.
И затоа создадов свој дом, без трага дека некогаш си бил во моето срце.
Така го почнав моето „среќно до крајот на животот“.
Сама.
Н. Г. | Црнобело