Ти ми беше море...
Беше бесконечен, прекрасен на секој начин. Го слушав звукот на твоите бранови и се губев во твоите бесконечни длабочини.
Се предадов на твоите мирни времиња и се судирав со твоите бури, надминував ветришта... за на крајот, да ме оттурнеш на брегот.
Во утринските часови ти и сонцето создававте најубави нијанси на сино, а во ноќта ти и месечината креиравте отсјај кој одзема здив.
Ме привлече твојата светлина и ме маѓепса твојата темнина, но не знаев дека носиш толку тајни и толку непознати работи.
Ти знаеше дека си посебен, знаеше колку си неодолив, знаеше дека ми требаш како и дека долго патував за да те најдам.
Само посакував да те почувствувам на мојата кожа и да се обидам да откријат што се крие во твојата внатрешност.
Не ни претпоставува дека привлекуваш луѓе само за силно да ги удавиш или оттргнеш подалеку од тебе.
Н. Г. | Црнобело