Магичните зборови кои се далеку поважни од „те молам“ и „благодарам“
Пред некој ден излеговме на прошетка и гледавме со ќерката како возат ролери на патеката. Мојата ќерка ги гледаше грациозните девојки и едноставно не можеше да го тргне погледот од нив. Ги гледаше и не сакаше да си замине.
Гледаше во нив долго време. Дури зјапаше. Размислуваше за нешто, чекаше... Навистина сакаше да вози ролери, но постоеја многу препреки.
Пред сè имаше само 3 години, јас имав многу обврски, непријатно ми беше и се плашев за нејзината безбедност...
Но, решив:
„Ајде да пробаме! Да се обидеме!“
Ги одбравме најмалите ролери, ги купивме, ставивме чорапи во нив, за да бидеме сигурни дека ќе ги собере и застанавме на патеката. Се обидовме неколкупати, но веќе се стемнуваше и моравме да си заминеме.
Мојата ќерка беше разочарана, но истовремено и среќна поради фактот што доби свои ролери, а и поради тоа што се обидовме.
Со сопругот уште одамна откривме дека ова се магични зборови, помагични и од „благодарам“ и „те молам“.
Магијата се крие во тоа што работите ги правиме заедно, се поддржуваме, експериментираме. Не ризикуваме, туку само се обидуваме.
„Ајде да се обидеме“ - тоа се зборови кои раскажуваат една приказна за ранливоста. Звучи како: „Не знаеме што ќе се случи, не знаеме како да ги направиме работите, не сме сигурни дали ќе успееме и какви ќе бидат резултатите, но важно е што сме се обиделе, заедно...“.
Зошто да не? Да се обидеме!
Н. Г. | Црнобело