За убав почеток на неделата

За да ви започне убаво неделата споделуваме со вас неколку интересни мудрости, малку црн хумор и поинакви заклучоци.

za-ubav-pocetok-na-nedelata-001.jpg

Сигурни сме дека ќе успеат да изнудат насмевка на вашето лице! Слободно можете да не надополните.

1. Тимската работа е закон! Секогаш можеш да обвиниш некој друг.

2. И поштениот човек може да го поткупиш... само мора поштено да платиш.

3. Алкохолот е нашиот најголем непријател. А само кукавиците бегаат од непријателите.

4. Кои се трите најтенки книги на светот? Сомалиски кувар, Босански мудрости и Црногорски “направи сам“.

5. Што е брзина на светлината? Кога пензионер ќе здогледа празно столче во автобус.

6. Човекот кој не прави грешки најчесто не прави ништо.

7. Ако некој ти ја земе жената, најдобро ќе му се одмаздиш ако му ја препуштиш.

8. Сигурна диета: Доручек – да го преспиеш; Ручек – не ручаш бидејќи само што си станал; Вечера: Исто како за ручек.

9. Како културен дечко и кажува на девојка дека оди во ве-це? Одам да се ракувам со еден господин со кој ќе те запознаам подоцна.

10. Како се вика импотенција на латински? Види, мени, виси.

11. Матичарот е судија кој те осудува на доживотна!

12. Зошто кравата пасе трева? Затоа што нема рака да ја смота.

13. Најлесен начин да стигнете во весник е да го читате додека поминувате улица.

14. Затоа што попаметниот попушта, глупаци владеат со светот.

15. Човекот учи додека е жив и пак умира глуп.

16. Слушај ги родителите кога ти приговараат. Ќе ти користи методологијата за твоите деца.

17. Стара кинеска поговорка: Куче кое лае не е добро испечено.

18. Животот е болест која се пренесува со секс.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg