Целиот мој живот бев добар, сега сѐ нека оди по ѓаволите

Седев на клупата во паркот и уживав во малечката птица која што „шлапкаше“ во малиот вир близу патот. Уживав во расцветаните дрва и во погледот кој го имав од паркот. Луѓето беа среќни, воздухот беше некако поинаков.

celiot-moj-zivot-bev-dobar-sega-se-neka-odi-po-gjavolite-01

Го погледнав часовникот и ми текна дека имам две незавршени обврски за утрешниот ден и побрзав да станам за да се упатам до мојот дом. Но, душата и срцето ми велеа остани, не заминувај.

Се најдов во битка меѓу тоа да бидам рационален или да бидам бунтовен. Да уживам во слободата  или да заминам за да го завршам она што ми беше поставено како задача на еден возрасен човек.

И можеби за првпат во животот одбрав да бидам бунтовник. Седнав на клупата и зјапав во малечката птица. Не ми беше важно што ќе задоцнев на подготвителниот состанок за утрешниот ден, можеби и воопшто не ќе се појавев.

Мене ми беше фасцинантна малата птица и мојата одлука да уживам во нејзиното предвечерно „туширање“.

Се замислив и наеднаш сфатив дека тежината која ја чувствував беше онаа тежина која ја наметнуваа сите тие обврски, сите тие закони кои морав да ги следам секојдневно.

Сите оние кои сам си ги препишав, ретко постоеја правила кои беа напишани од останатите, а стигнуваа на моја адреса. Сфатив дека мојата кожа ја чувствував претесна за моите замисли токму поради таквите ограничувања.

Посакував да можам секогаш да го кажам она што го мислам, не дека често не го кажував, но сакав да се завртам и да му кажам на мојот шеф дека не ми се допаѓа неговата цинична насмевка, на тетката од блиската продавница дека не ми се допаѓаат нејзините лицемерни, охрабрувачки разговори, кои потем сите знаеја дека не се од срце.

Сакав да престанам да бидам добар кон луѓето кои не го заслужуваат тоа.

Сакав да имам ден во кој ќе ги распуштам звучниците до максимум и ќе лудувам низ станот се додека не дојде полицијата на мојата врата. Ми беше смачено да бидам добар и да ги следам сите правила.

Сакав да престанам да правам сѐ што ќе ми биде доделено како задача, иако не мораше да се направи сѐ, без да чувствувам грижа на совест. Морав да научам да кажувам злобни работи на луѓе кои потполно ги заслужуваа, без притоа да не можам да заспијам.

Посакував да можам да отстапам од правилата, бидејќи ми се чинеше дека предолго ги следев.

Можеби не за долго, можеби за ден или два, можеби ми недостигаше тоа чувство да бидам прекорен или казнет за некоја погрешна постапка.

Некако ми беше здодевно да бидам оној кој не греши. Не можев да сфатам од каде доаѓаше таа потреба, дали малата птица ме маѓепса или едноставно ме потсети дека животот треба да биде малку од ова, а малку од она?

Исто како измешаните бои на еден цртеж, така и ние луѓето имавме потреба барем на кратко да излеземе од зоната на комфорот и да се почувствуваме поинаку.

Тој ден не отидов на состанокот.

Добив казна, минус десет проценти од платата, но кому му беше гајле?

Уживав во паркот, со воздухот, со растрчаните деца околу мене, со зеленилото, кучињата и малата птица во водата.

Ако ме прашувате мене, тоа беше многу повредно од десет проценти помалку од мојата плата за тој месец.

Што беше поважно, сфатив дека имав храброст да застанам и да кажам: „цел живот бев добар, сега сѐ нека оди по ѓаволите“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg