Работи кои никогаш не смеaт да се најдат во вашата глава

Она што се наоѓа во вашата глава може да влијае врз сите останати работи кои ги правите во животот.

raboti-koi-nikogas-ne-smeat-da-se-najdat-vo-vasata-glava-01

Иако понекогаш не и даваме големо значење, сепак нашата психа е една од најважните работи за исполнет живот.

Колку повеќе ја полниме сопствената глава со позитивни мисли, а ги одбегнуваме негативните работи кои не смеат да се најдат таму ќе живееме живот кој вреди да биде раскажан.

Затоа одбегнувајте ги следните фрази кои мора да ги исфрлите од сопствената глава:

1. Мојот живот е потежок од животот на останатите

Без разлика во каква тешкотија сте се нашле или се наоѓате, тоа не ви дава право да лутате наоколу жалејќи се за својата ситуација. Секој од нас имал тешки мигови и поминал низ многу болка и страдање.

Наместо да се прогласувате за проколнати  на судбина која не ја заслужувате, стегнете ги забите, заборавете на оваа реченица и обидете се да го свртите животот во позитивна насока. На тој начин ќе се изградите како личности и ќе научите дека секоја препрека може да биде надмината.


2. Едноставно немав избор

Всушност ако само за момент подразмислите ќе сфатите дека во секоја ситуација и во секоја одлука која сте ја донеле сте имале повеќе патеки по кои сте можеле да тргнете. Но, некако е полесно да се каже дека немало избор кога ќе се одбере онаа погрешната патека, барем ние луѓето така сме навикнати.

Затоа не треба да научиме да не ги обвинуваме околностите и луѓето, бидејќи тие не се криви за развојот на нештата во нашиот живот. Треба да знаеме како да ги сносиме последиците од нашиот погрешен избор и да сфатиме дека секогаш има начин, секогаш има добар пат кој треба да се следи. Таквото прераснување во цврста личност е она што ќе не направи вистински пример кој треба да се следи.


3. Јас сум премногу млад/стар

Во животот постојат правила, но јас никаде не сум прочитал дека постои старосна граница за работите во животот кои можеш да ги правиш во слободно време. Познавав многу луѓе кои завршиле факултет откако створиле семејство или многу деца кои имаа умешност да бидат подобри на тестови за возрасни од самите возрасни.

Луѓето знаат да кажат стар си онолку колку што ќе дозволиш да бидеш стар. Ова малку време што го имаме треба да го искористиме на најдобар начин. Не постојат убави работи кои имаат ограничување, историјата бележи многу млади генијалци и многу ветерани кои на некој начин оставиле белег во светот.

Ако се чувствувате дека треба да свирите виолина на десет години или да скокнете со падобран на седумдесет години, тогаш направете сѐ што е во ваша моќ тоа да се исполни. Не го пропуштајте животниот сон само поради некаква реченица во главата која не треба да постои.


4. Мене како да не ми е пишано да бидам среќен/среќна

Многумина велат дека среќата не им е пишана, но грешат. Ако се присетите ќе сфатите дека среќата не е нешто што е однапред преодредено туку е процес на причинско последични случувања кои ве водат во моменти кои знаеме да ги наречеме среќа.

Можеби во моментот пребродувате низ тешки периоди, но не заборавајте дека во иднина со помош на вашите способности и изборот кој можете да го направите вие повторно можете да имате насмевка на лицето и да бидете среќни.

На никого не му е преодредено да живее несреќно, тоа е личен избор. Ваше е дали тоа ќе дозволите да живеете тмурни денови или ќе превземете нешто за да ја создадете сопствената среќа.


5. Ако само имав повеќе време

Одговорните луѓе мораат да научат да работат со временски рокови. Но, дури и да не сакате да научите, треба да си признаете дека ден плус од рокот или два часа плус од зададеното време нема да ви бидат потребни ако ја фатите својата работа со време.

Научете се да бидете исполнителни и да не се потпирате на фактот дека можно е да добиете дополнително време од предвиденото. Успесите во животот не доаѓаат ако чекате на дополнително време, сега е времето за дејствување, сега треба да започнете да превземате акции за она што сакате да го постигнете, не подоцна, не утре, не до година, туку сега!

Бидете искрени кон себеси. Поправајте онаму каде што треба да биде поправено, научете да се стремите кон остварување на себеси како успешна и почитувана личност.

Не си кажувајте работи само за да се чувствувате пријатно за неубавите работи кои се случуваат во вашиот живот без разлика дали тоа се случува заради ваши или нечии грешки.

Секогаш стремете се да го избегнете просечното и да го градите вашиот пат кон успехот оставајќи чекори по кои сите би сакале да чекорат.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најубави Македонски народни приказни со кои растевме и ни будат носталгија (видео) Има ли некој кој не се сеќава на Ѓорѓи Колозов и неговата маестрална улога на кр...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги за... За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително п...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg