Лицемерието ме научи блиските да ги чувам на далечина...

Луѓето секогаш сакаа да знаат сѐ за другите околу нив, а скоро никој немаше намера да биде инволвиран во туѓите работи, но сепак упорно инсистираа да бидат информирани за случувањата во животите на останатите.

licemerieto-me-nauci-da-gi-cuvam-ljugeto-bliski-na-dalecina-01

Никогаш не го разбрав тоа хранење од озборување за нечиј приватен живот, дали не можеа да бидат среќни со сопствените и да не го пикаат носот на места каде што не го собира?

Додека јадев од колачот кој мојата мајка го направи за да имаме сладок викенд, како што таа знаеше да каже, летав со мислите, заборавајќи да ја користам вилушката за јадење.

Наместо тоа тапкав по масата, а мајка ми нервозно ќе се развикаше „Ако ти се јаде, јади, ако не, не ми тропај како лудак”, на што јас слатко се насмеав и продолжив да ја растргнувам горчината во душата со благиот вкус на колачот.

Во главата ги враќав сликите од минатото, мојата искреност кон светот, моето предавање на луѓето од општеството, мојата доверба во секоја поединечна индивидуа и мојата наивност во раскажување на мојата животна приказна на секој кој ќе се претстави како добронамерен.

Се смеев на сопствените грешки, помислував како можев да ги направам. Но, сфатив дека тоа се случува со причина.

Многумина од луѓето кои ја добија мојата доверба ја искористија на најлош можен начин, за некоја цел која ни сами не ја разбираа.

Се случи тоа еднаш, потоа уште еднаш, ми требаше многу време за да сфатам дека тоа ќе се случува секогаш сè додека не поставам граници, сè додека не одлучам да ги ставам луѓето да бидат блиски на далечина.

Секој имаше своја точка на толеранција, мојата беше премината многупати и целата таа искреност, целата таа добрина се претвори во огорченост упатена кон сите тие „искористувачи“, кон сите тие неискрени, себични суштества жедни за сопствен успех, а гладни за туѓ неуспех.

Се прашував зошто воопшто постоеше таа потреба да не се цени личноста која ја имаш покрај себе?

Дали заслужувавме да бидеме третирани како предмет кој ќе биде фрлен по неговото искористување?

Дали нашата љубов и искреност не беше доволна причина да останеме неповредени од оние од кои најмалку очекуваме или тоа беше некое непишано правило дека најблискиот најмногу ќе те повреди?

Како да бевме склони кон таквите сценарија, како можеби да не ни беа предодредени, туку беа напишани и паѓавме во некое искушение да го изиграме, без разлика што цената од таа валкана игра беше загубата на човечноста.

Ги губевме луѓето, не физички, туку духовно и тоа беше најголемата болка која што може да настане.

Додека уживав во тоа саботно честење, седнат на шанкот во кујната сфатив дека моето затворање кон светот беше поради лицемерието кое беше надвор.

Никогаш повеќе не раскажав што ми се случува, никому не ги доверив своите проблеми, своите кавги со најдрагите. Никој не знаеше сѐ за мене, како што знаеја порано.

Јас бев среќен што конечно научив како да се заштитам од ново повредување. Можеби беше сосема погрешно, но функционираше, како заштитен механизам и беше доволно за да бидам сигурен.

Секогаш кога ќе морав да ги поставам тие граници, ми ја корнеше душата однатре, честопати сакав да бидат надминати, сакав некои луѓе да можат да ги пречекорат, но болката на минатото ме потсетуваше дека тие мораат да постојат и да бидат поставени без никакви отстапки.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg