Совет од еден дедо: Труди се да бидеш пољубезен, да сакаш со целото свое срце

Секогаш талкаме по сопствената среќа, преокупирани со своите проблеми и обврски, секогаш малку натажени, повеќе изнервирани, чекориме по патеки кои водат до нашите луди замисли. Секој од нас различен, секој од нас поинаков од оној другиот. Испреплетени во една мрежа која го создава светот.

nikogas-ne-go-sozdavajte-krugot-na-omrazata-01

Со тие мисли зјапав низ прозорецот во блиската болница. Таму бев бидејќи имав гипс на ногата. Нескротливите авантури на првото пролетно сонце во природа си го донесоа своето па затоа, мораше да поминам неколку денови таму каде што бев удавен од досада и немаше начин како да побегнам.

Мораше да издржам сè додека не добијам потпис од одговорниот доктор дека можам да ја напуштам болницата, па некако се помирив со таа ситуација.

Бев сместен во соба 125, а во неа бевме само јас и еден дедо кој качувајќи се за да им однесе појадок на своите внуци несмасно се струполил по скалите. Но, неговата болка се поврзала со сите останати болки кои ги носи староста и беше во прилично лоша состојба иако стануваше збор само за скршеница на колкот.

После ден два, како сите осамени суштества си ја отвори душичката и почна да зборува и да раскажува за животот, за неговите љубовни приказни, за војната, за луѓето кои ги загубил, за болката која ја претрпел, за стравот, за неговиот исполнет живот кој сега е веќе пред својот крај.

Јас го карав да не зборува така и го тешев дека има уште многу пред него, го терав да не се предава толку лесно. Сакав да види дека таму надвор има сè уште живот, онака како што јас го гледав тоа.

„Убаво е кога луѓето ја шират својата добрина, својот оптимизам и својата позитивна енергија на другите. Знаеш светот би добил сосема поинаква смисла, ако секој од нас шири круг на љубовта. Но, колку што имав можност да водам статистика последните години од моето постоење се ширеше круг на омраза. Беше чудно, но секогаш функционираше на истиот начин.

Девојката ќе му се развикаше на возачот бидејќи возел пребрзо, тој мене бидејќи од тресењето на рацете не ќе можев да ја поништам картата, потоа јас ќе се развикав на моите внуци кои правеа глупости низ куќата, тие на своите родители, па тие меѓусебно ќе се искараа и од едно банално викање кон возачот ќе настанеше еден цел круг на непосакувани работи. Лоши работи кои не требало да се случат.

Затоа сакам да слушнеш нешто од овие усни кои бавно зборуваат, пред да се уморам  и да заспијам, сакам да ти го кажам мојот искрен совет кој ќе ти даде простор да ја убиеш својата досада и да размислуваш додека дремеш со погледот низ прозорот.

Во животот труди се колку можеш да бидеш пољубезен, да сакаш со целото свое срце без да поставуваш услови. Бори се за да ја рашириш својата енергија на убави работи, а не да ја трошиш на бесполезни расправии кои немаат крај.

Смеј се почесто, насмевни се на секој што ќе го сретнеш, можеби твојата насмевка е потребна за да го промени неговото секојдневие. Можеби твојата насмевка ќе го спаси неговиот тмурен живот.

Твоите проблеми не ги истурај на другите, никој не заслужува лош ден поради туѓи црни мисли.

Биди во круг на луѓе кои ќе ја следат истата цел, не дозволувај никој да ја искористува твојата љубов, твојата искрена емоција кон нештата. Светот е суров и такви луѓе постојат.

Но, никој не може да го промени светот, единствено нешто што е во наша моќ е да се промениме ние самите, кон подобро. Да научиме да ја шириме љубовта, бидејќи во светот постои многу љубов, само луѓето не знаат како да ракуваат со неа.

Затоа научи да создаваш круг на љубовта, одржувај го секојдневно, спречи ширење на злобата, едноставно е, сè што треба да научиш е дека се треба да започне со насмевка, а бесот треба да го контролираш секојдневно.

На крајот на денот нели ние сме најпаметното од природата, зарем толку е тешко да се направи ова што го реков пред малку? “

Се наведна на перницата, во обид да заспие, малиот говор со многу значење многу го измачи.

Јас зјапав низ прозорецот и се обидував да ги видам поврзаностите на луѓето меѓу себе, на луѓето и природата, нештата, небото, сонцето.

Насекаде имаше круг чии карактеристики зависеа од нас самите.

Ние одлучувавме дали ќе креираме круг на љубовта или круг на омразата. Навистина толку ли беше тешко секогаш да го одбереме она поубавото?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg