Кога работите не ви одат од рака: 8 докажани начини кои веднаш ќе ви го подобрат расположението
Понекогаш сите имаме лоши денови и баш кога мислиме дека не може да стане полошо, магично, како да бараме дополнителен предизвик, нештата стануваат многу, многу полоши. Но, можеме да се жалиме, а можеме и да го промениме тоа.
Во секој случај од нас зависи:
1. Пуштете ја омилената песна
Една од идеите како да го разубавите денот е да си ставите слушалки, да си ја одберете омилената песна и да избегате од реалноста благодарение на музиката, барем на неколку минути. Врската која ја имаме со музиката која ја сакаме може да биде многу моќна и да има терапевтско дејство врз нас. Никогаш не ја потценувајте омилената песна како „средство“ против лошиот ден.
2. Одете на кафе со пријателите
Ако ништо не ви оди од рака, тогаш повикајте ги пријателите и испијте едно добро и неопходно кафе. Не само што ќе се снабдите со потребна количина кофеин, туку и ќе се ослободите од стресот поминувајќи време со луѓето кои ги сакате и кои ги разбираат вашите проблеми. Плус, сигурно ќе ве утешат кога ќе слушнат за лошиот ден.
3. Гледајте филм или серија
Навистина е неверојатно колку филмот или серијата можат да ве расположат. Ќе го исклучите мозокот на неколку часа и ќе се изгубите во друг свет – звучи како добра терапија против лошиот ден нели?
4. Јавете им се на родителите
Без разлика колку години имате, слушањето со родителите или роднините секогаш ќе направи да се чувствувате подобро. Чувството на топол дом дефинитивно може да го постигнете со само еден едноставен телефонски повик, а некогаш само тоа и ви е потребно.
Така ќе си ги наполните батериите и ќе соберете сила за да се соочите со проблемите кои се појавиле или ќе слушнете неколку охрабрувачки зборови од луѓето кои ве познаваат целиот ваш живот.
5. Излезете на прошетка
Со самото тоа што ќе останете затворени во домот поголеми се шансите да кукате и да се жалите. Ако не сакате да продолжите да го правите тоа, тогаш излезете надвор. Може да пешачите, да возите велосипед или било што друго. Проширете ги вашите хоризонти за да ги согледате нештата објективно или едноставно да се одморите од нив.
6. Почестете се
Сите сме виделе по филмовите – веднаш по раскинување протагонистот јаде нешто слатко. Затоа почестете се со нешто слатко како колаче или торта. Да бидеме реални – некогаш благите работи можат да изгледаат како топла прегратка и утеха. Сепак, не претерувајте, затоа што и сами знаете дека нема враќање.
Ако не ви се внесуваат дополнителни калории и секако, ако имате доволно пари, тогаш може да си купите парче облека кое долго сте го посакувале, нешто за домот или нешто што би сакале да го имате. Новите нешта имаат моќ да направат да се чувствуваме поубаво, дури и се препорачува како терапија. Но, како и со храната – не претерувајте.
7. Објавете секси селфи
Ако ви е потребен мал поттик и инјекција самодоверба, тогаш објавете секси селфи на Инстаграм и уживајте во лајковите. Можеби е виртуелна забава, но факт е дека (за жал или за среќа) социјалните мрежи играат голема улога во самодовербата на луѓето.
8. Пронајдете причина за смеа
Неа може да најдете во забавните пријатели или преку смешен филм или ТВ серија. Сите знаеме како смеата го продолжува животот и дека таа е навистина потребна кога се чувствуваме како животот да ни удрил шлаканица.
С. С. | Црнобело