Не губи време, биди движечка легенда!

Чекорев по булеварот и ги гледав светлата кои се појавуваа и исчезнуваа од автомобилите по патот. Како една детска игра која несвесно се случуваше одново и одново.

ne-gubi-vreme-bidi-dvizecka-legenda-01

Рацете ми беа пикнати во џебот,а главата ми беше крената нагоре кон небото. Живеев со соништа и огромни очекувања, бев строг према себеси и секогаш имав тенденција работите да ги донесам до граница на совршенството.

Вдишував и издишував, како да пробував да го смирам ритамот на моето нескротливо срце. Во главата ми се вртеше еден разговор кој се случи многу одамна, а остави огромна трага која промени се што знаев дотогаш.

Долга беше ноќта, како што беше патот, како што беше животот ако го живееш правилно. Зборовите кои несвесно ми се повторуваа во главата беа искрените зборови на една бабичка која одеше на пазарот. Се симна на истата постојка на која што се симнав и јас, но имаше премногу работи кои требаше да ги носи сама. Со чисто срце и помогнав, а таа се насмвна изненадена од мојот чин на добра волја.

Обожавав кога луѓето стануваа среќни од малите работи кои ги правиш за нив.

Кога стивнавме со солзи во очите ми се обрати „Освен неколку јаболчиња немам што да ти дадам, но ти ги давам од срце. Сакам да ти раскажам нешто ако го разбереш, можеби твојата мака нема да биде толку безвредна.

Знаеш луѓето се многу чудни, знаат сѐ за секого, имаат што да кажат за сѐ околу, но често забораваат да се посветат на себеси. Во таа игра на животот како да забораваат дека не треба да бидат бродовите кои застанале укотвени на пристаништето, туку оние кои треба да пловат далеку.

Без разлика што времето нема да биде сончево секогаш, без разлика колку немирни води ќе наидат, тие мора да пловат. Јас само ќе ти кажам да бидеш движечка легенда. Зграби ја секоја прилика, бори се до последен здив, верувај во себе и што е најважно фокусирај се на твојот живот.

Немој да губиш енергија на туѓи животи. Затоа што твоето време е за тебе, потроши го за  луѓето да го запомнат твоето име.

Како паталец можам да ти кажам дека ниту едно име не избледнало, ако секако оставило доволна импресија во светот. Ти можеш да бидеш тоа, не ја испуштај таа можност. “

Ги зеде своите производи и замина кон пазарот. Таа не беше свесна колкаво богатство остави во мене оставајќи го своето искуство, своите зборови додека јас само стоев отсутно.

Повторував збор по збор и можам само да ја благословам за таа животна лекција која несебично ја сподели.

Јас ги зедов нејзините зборови и не правам ништо поразлично од она што го рече, бидејќи твојата посветеност на себеси и твојата верба во својот успех, е токму она што ќе те направат движечка легенда.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg