Работи кои сите ги правевме додека бевме деца
Можам со сигурност да кажам дека детството е еден од најубавите периоди на нашиот живот.
Нешто слично како што се хуманизмот и ренесансата во литературата, еден период исполнет со позитивна енергија, безгрижност и детска наивност кој секогаш ќе буди убави спомени.
Тогаш сè беше поинаку, нашите глави беа подесени да размислуваат различно од сè она што беше очигледно и нормално, тогаш ги правевме сите незамисливи работи без притоа да помислиме што ќе биде потоа.
Ако во моментов не ви текнува што се се случувало во тие безгрижни години, дозволете само да ве потсетиме на сите работи кои тогаш знаеа да не направат среќни:
- Ги стававте вашите раце внатре во маичката со куси ракави и се преправавте дека немате раце.
- На вашиот кревет пред спиење ги стававте сите мечиња за да спијат со вас, а ги стававте сите за ниту едно од нив да не се налути.
- Ја рестартиравте играта и почнувавте одново секогаш кога ќе видевте дека ќе загубите.
- Во вашето торбиче за моливи и пенкала имавте пенкало со шест различни бои и постојано се обидувавте да ги притиснете сите шест бои одеднаш.
- Додека се возевте во автомобил, мислевте дека месечината ја следи вашата кола.
- Од кујната ги земавте чашките за ракија и стававте вода преправајќи се дека сте најголема пијаница која светот ја познава. Исто така, во чаша за виски стававте бистар сок од јаболко глумејќи ја култната сцена од филмот „Scarface”.
- Секогаш кога имаше дожд, а вие моравте да бидете во автомобил, замислувавте возбудлива трка помеѓу двете капки кои се тркалаа по прозорот.
- Глумевте дека сте заспани во дневната само за вашите родители да ве пресоблечат во пижами и да ве однесат до креветот во вашата соба.
- Секогаш кога имавте гости сакавте да се криете зад вратата во обид да исплашите некого, но ретко ви успеваше бидејќи гостите или премногу зборуваа или вие ќе мораше да потрчате до тоалетот на кратка пауза.
- Кога ќе голтневте семки од цреши или било кое друго овошје се плашевте дека ќе ви порасне дрво во вашиот стомак. Исто така бевте уплашени дека ќе ви порасне нокт во вашиот стомак заради честото гризење на ноктите.
- Мислевте дека ако главата ја пикнете во кутија или ја сокриете само неа позади некој предмет, другите не може да ве видат.
- На училиште неколку пати имате излажано дека сте ја заборавиле тетратката, само заради тоа што не сте напишале домашна работа, а потоа ја криевте тетратката во случај некој да не ве поткаже на учителката.
- Верувавте дека ако не го изедете последното залче, тоа навистина ќе биде тажно и ќе плаче.
- Секогаш кога ќе ве прашаа дали имате девојка/дечко, се вцрвенувавте, негодувајќи и лутејќи се на оној кој го поставил прашањето.
- За да имате „подолга коса“ стававте панталони или долен дел од пижами на вашата глава.
- Секогаш бевте главниот јунак од било која цртана или играна серија.
- Знаевте да се налутите и да речете „Скаран засекогаш!”
Сигурно се пронајдовте и се насмеавте на работите кои ни се случуваат на сите без разлика колку сме различни. Токму тие работи не водат на патот до личноста која сакаме да станеме.
Тогаш живеевме за да пораснеме и пораснавме борејќи се за соништата на еден малечок џеб полн со мечти. Можеме само да ги чуваме како богатство, малите работи кои нè правеа среќни и да се надеваме дека секогаш ќе наоѓаме таква среќа на нашиот животен пат.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело