Колку и да звучи примамливо, не сакам да се вратам во минатото...

Долго зјапав во утринскиот аларм и се обидував да го продолжам времето за спиење, без разлика што единствената опција беше продолжување на минута или две.

kolku-i-da-zvuci-primamlivo-ne-sakam-da-se-vratam-vo-minatoto-001.jpg

Лежев со телефонот во раце и се двоумев дали да одам пеш и да задоцнам на првото предавање или да го фатам првиот автобус кој ќе налета.

Мразев кога наутро морав да ги правам тие компромиси, бидејќи на некој начин го знаев крајот на таквата дискусија. Без да чувствувам грижа на совест се завртив на другата страна на креветот. Не можев толку лесно да ја прекинам таа неодолива врска со креветот.

Но, никако не успевав да го продолжам сонот кој предмалку го прекинав. Тоа го мразев многу повеќе од утринското натегање.

Тогаш започнуваа тешките разговори помеѓу мислите и доаѓаа животните прашања кои мораа да бидат решени. Тој ден размислував за она што се случувало пред тој ден.

Си помислив што би било ако можам да се вратам многу назад во обид да променам нешто и дали воопшто би го направил тоа?

Додека алармот повторно ѕвонеше, во главата размислував за малото детенце на кое му должев многу објаснувања. Посакував да можам да му кажам да престане да плаче, бидејќи неговите очи не треба да ги трпат тие напори заради неважни луѓе, кои секако нема да бидат дел од неговиот среќен живот.

Би сакал да му помогнам да сфати дека единствената личност во која треба да верува е тој самиот и дека наивноста треба да ја отфрли што побрзо, доколку сака да успее во овој крвожеден свет. Би го држел за рацете и би се обидел да му ги отворам очите за да ги види сите работи кристално јасно.

Би му кажал да не се срами од она што го прави посебен во еден разговор кој ќе го збуни во целост, но ќе го направи посилен. Би му ја дал цела верба и цела надеж за да не ја изгуби ведрината и насмевката, бидејќи неговата позитивност е она што ќе му треба на светот.

Ако би се вратил би менувал многу, можеби би ги вратил сите оние кои прерано заминале и несебично би ги променил лошите работи во животот на многу други. Би сакал да постигнам една рамнотежа која ќе го држи светот среќен.

Но, од друга страна повторно со ѕвонењето на алармот, се прашувам дали тоа би ме направило мене и другите околу мене среќни?

Дали ако имам можност да ги избришам сите лузни од ова тело, тоа би го направил бесрамно, не мислејќи се ниту секунда. Повторно борба на самиот себе со себе. Понекогаш се прашував зошто воопшто тоа се случува, но се случуваше.

Како што се превртував во креветот сфатив дека она што ме направило суштеството кое постои денес, е токму она кое не треба да го променам. Безразлика колку болни денови се кријат таму, колку солзи се пролеани и колку животот бил тотален хаос, сето тоа е дел од една сложувалка, која не може да постои ако тие делови не постојат.

Колку и да е срамно, болно и одбивно нашето минато, тоа е сепак дел од нашата индивидуа. Од него нема бегање. Можно е само коригирање на она што е погрешно, за еден ден да не биде приказна за пропаста, туку научена лекција.

Колку и да беше примамлива понудата на мислите да се вратам во минатото и да го направам светот хармоничен, јас ја одбивав. Знаејќи дека се она што се случило, се случило заради одредени настани, кои се случиле поради сплет на околности, за да бидат водилка кон иднината.

Немаше потреба да чепкам во биосот на еден веќе добро дефиниран компјутер, бидејќи можеби некоја од промените ќе ме направи моментално посреќен, но дефинитивно ќе го поремети целиот систем. Беше време конечно да го напуштам креветот...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg