Долго време ги ставав другите пред мене, сега се одбирам себеси

Еднаш некаде прочитав: „Се будеше секое утро со опцијата да биде сè или било кој што ќе посака. Но, прекрасно беше што секогаш се одбираше себеси“.

se-odbiram-sebesi-01.jpg

Долго време во мојот живот ги ставав другите пред мене.

Овојпат, застанувам на страната на мојот внатрешен глас, кој не може да се замолчи без разлика на тоа колку другите се обидуваат да го направат тоа.

Време е, се одбирам себеси.

Ги напуштам сите „требаше...“ мисли и ги фрлам сите лоши очекувања кои сум ги имала за себе само за да ги задоволам другите.

Колку да сакам ги правам правилните работи, научив дека никој друг не може да одбира во мое име.

Не можам да обирам нешто што знам дека ќе ги направи моите мајка и татко среќни, а на крајот ќе останам во хаос и несреќа од животот кој сама не сум го креирала.

Не можам да ја држам мојата уста затворена пред саканиот и да не се држам до сопствените ставови, затоа што зборовите на крајот ќе останат заглавени во моето грло и ќе ме гушат. Нема да ми дозволуваат да дишам. Нивната тежина ќе ме повлекува наназад.

И без разлика на тоа колку ги сакам, не можам да ги одберам пред себе, бидејќи мојата вредност произлегува и од мојата среќа.

Морам да се одберам себеси.

Повеќе не можам да бидам жената која сите очекуваат да бидам, туку сакам да бидам онаа која сум предодредена да бидам.

Се одбирам себеси.

Ја одбирам сопствената среќа и мојот пат, дури другите да мислат дека изгледам изгубено понекогаш.

Вистина е дека, сè додека го слушам ритамот на моето срце, нема да се изгубам.

Одбирам слободен живот, кој не е ограничен од одговорноста да се држам до нормите.

И знам дека не ми треба одобрување од никој.

Немам потреба да бидам покрај маж само за да чувствувам дека сум вредна.

Немам потреба да удирам со главата во ѕид кој никогаш нема да се искрши.

Наместо тоа, одбирам да се движам кон светлината, да патувам кон маглата на изгрејсонцето.

Одбирам да фантазирам, одбирам насмевки.

Овие работи нема секогаш лесно да ми доаѓаат, но знам дека јас сама сум го добрала овој живот, избор кој ја остава мојата душа во леснотија кога моите уморни коски едвај чекаат да легнат по напорниот ден.

Затоа што знам дека единствената вистина која ми е важна е онаа која ќе се најде меѓу моето амбициозно срце и моите две дланки.

Јас сум дел од животот, дел од љубовта.

И не постои никој друг на овој свет кој може да ми даде повеќе отколку што можам јас самата да си дадам.

Се одбирам себеси за да го одберам подоцна и вистинскиот партнер. Некој на кој нема да се закачам, некој од кој нема да зависам, некој кој нема да мора да ме „поправа“.

Се одбирам себеси за да бидам најдобрата сопруга која можам да бидам.

Најдобрата мајка...

Се одбирам себеси затоа што така и моите ќерки ќе научат да го прават истото.

Затоа што немам потреба некој друг да ја пишува мојата приказна.

Па, денес, утре, па и година дена од денес, ќе продолжам да се одбирам себеси...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Екс-ју песни кои годинава полнат 40 години (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Princeza“ од Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ својат...
Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“ „Би сакал да сум мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожа...
Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Димитар Андоновски за CRNOBELO лексикон: „Тропав на ‘тапани’ на тенџериња, свирев ‘гитара’ на пушки ... „Како дете имав 2 прекара - едно време ме викаа Свиок бидејќи на косата имам мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg