Најди го гласот во својата глава

Се сеќавам често наидував на моменти кога се прашував дали сѐ е во ред со мене или јас го губам сигналот со остатокот од светот.

glasot-vo-mojata-glava-01

Многупати доаѓав на крстосници, кои ми ја корнеа душата и вршеа емоционално празнење на повеќе нивоa. Честопати шепотев, размислувајќи гласно и плачев во сон, без да сакам, бидејќи така ми налагаше секојдневната рутина која морав да ја исполнам, како норма која полека ми го труеше телото.

Но, кога и да дојдеше тој период на депресивни размислувања на теми кои сами по себе беа претешки да бидат споменати јас брзо наоѓав излез дури и кога тоа беше невозможно. Знам дека оние кои беа околу мене ќе останеа зачудени од начинот на кој знам да ги исклучам работите. Како само јас да бев оној кој ја има моќта да го притисне turn off копчето навремено.

Никој не ја знаеше мојата тајна, а беше многу едноставна, беше моја сопственост која ја чував со години и секогаш ми помагаше кога тоа беше најпотребно. Всушност, тоа беше разговор кој ми ги промени сите гледишта, ме натера да размислам многупати, да се запрашам почесто за се она што ме опкружува.

Дента имав температура, се сеќавам како да беше денес, лежев во креветот испуштајќи звуци на болка и негодување, кашлав на тој начин што мислев дека белите дробови ќе ми излезат низ устата, беше тоа еден одвратен грип, за кој се молев да помине што побрзо.

Знам дека пропуштив многу работи тој ден, не се пријавив за аудиција за театарска претстава и не стигнав да оставам документи за работа во еден локален весник. Имав само шеснаесет години, можеби тоа беше премногу за едно момче на тие години, но сепак тоа беше желба за која работев и сакав да ја остварам, но ете тој ден не успеав.

Мајка ми дојде со две шолји чај, беше смирена. Jас ја гледав и ме нервираше нејзината смиреност. Си помислив како може да биде толку неутрална кога знае дека јас вријам од желба да го фрлам топломерот и да одам да ја изиграм точката која толку ја подготвував.

Ех синко, се соочуваш со суровоста на животот, не сакам да ти го кажам ова, но навикни се бидејќи ќе се случува се почесто и почесто како што изминуваат годините. Не секогаш ќе добиеш она што сакаш и не секогаш ќе го постигнеш она што го замислуваш, но тоа не значи дека треба да се откажеш.

Единственото нешто кое треба да го запомниш од оваа цела ситуација е лекција која мора да ја знаеш за цел живот, а тоа е како да се справиш со депресијата и тагата кои ќе те зафатат како младо растение при првиот снег.

Јас можам да ти кажам нешто што мене ми го кажале многу одамна, нешто што мислам дека ќе биде есенцијално за секој нареден подвиг во животот. Најважно од сѐ е да го најдеш гласот во главата, ете ти предлагам тоа да биде мојот глас, бидејќи јас нема секогаш да бидам крај тебе.

Секогаш кога ќе помислиш да се откажеш, секогаш кога ќе помислиш да се предадеш, кога ќе се двоумиш или кога ќе ја изгубиш самодовербата, нека мојот глас се јави во твојата глава со следните неколку зборови.

Сѐ она што сакаш да направиш го правиш за себе, Бог ти дал се она што ти е потребно, две раце, и сите други сетила со кои што можеш да направиш чуда, исто како што резбарот добива дрво и создава совршена слика. Имаш сѐ, не барај повеќе, сѐ она што ти е потребно го имаш во себе, земи го тој сложен систем на чувства и вредности и направи ја таа машина која зарѓала во депресија да работи.

Отпрво ќе ти биде тешко да го најдеш овој глас во главата, но откако еднаш ќе научиш ќе знаеш како да го правиш тоа вешто. Секогаш кога ќе е потребно ќе знаеш како да се вклучиш и исклучиш од она што те засега.

Земи ги овие неколку реченици, стави ги таму внатре и сети се на мојот лик, бидејќи како што налага животот, јас нема да бидам секогаш тука до тебе. Еден ден, за жал ќе ме нема. “

Не знам дали се засркнав од чајот кој беше прежежок или од разговорот кој беше претежок, но од тој ден нешто се смени. Почувствував како нешто насилно да влезе во мојата глава, се смести таму некаде во потсвеста и колку и да не сакав, тука беше.

Годините минуваа, но тоа не се промени. Гласот остана во мојата глава и кога луѓето ме прашуваа јас не знаев како да им објаснам бидејќи ќе ме направеа луд.

Ја зачував таа слатка тајна за некого подоцна, го чував гласот за да го пренесам на оние по мене. Колку и да звучеше лудо, гласот во мојата глава функционираше и правилно ме сетираше и ресетираше кога беше најпотребно. Не можев да опишам, но функционираше и сѐ уште функционира, правејќи ме посилен од било кога.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg