Исповед на една мајка: „Ќе дојдат подобри денови...“

Честопати знаев да се фасцинирам од издржливоста на одредени луѓе. Нивната желба да се биде над сѐ и да се победи сѐ, дрскоста да се најде силата да се стане, без разлика колку падови преживеале.

ispoved-na-edna-majka-01

Ми беше необјасливо, неопишливо, невистинито, не знев од каде ја наоѓаат таа сила за непрестана борба, ми беше чудна нивната издржливост која предзвикуваше солзи на моите очи.

Дента се враќав од факултет и се качував по скалите во обид да стигнам до станот, бев преморен, телото ми беше стежнало и посакуваше блиска средба со креветот. Додека се качував ја видов жената која ги чисти скалите. Многу мразев да изгазам кога некој веќе исчистил, секогаш се наоѓав во таква незавидна ситуација, како да ме местеа. Но, забележав дека жената стои над леѓенот со вода и плаче. Плачеше силно, како некој на кој му се срушил светот.

Отсекогаш сум велел дека е нечовечно да оставиш друг човек во неволја, па не можев само да заминам, без воопшто да ја погледнам. Таа не беше отпад кој се наоѓа на скалите, за разлика од многумина станари, јас не патев од комплекси. Ја чепнав по рамото. Дотогаш го немаше забележано моето присуство, веднаш ги избриша солзите мислејќи дека ќе се побунам поради тоа што не работи.

“Извинете, сум се занела, веднаш ќе продолжам” - изговори со огромен страв во нејзиниот глас.

“Дали е се во ред сакав да знам, не мора да се плашиш од мене, јас не сум од оние снобови со тмурни лица, ако можам да помогнам можеш да ми кажеш”, возвратив обидувајќи се да ја смирам.

“Никој не може да ми помогне мене, никој не може, животот едноставно решил да биде сосема неправеден. Ми ја одзеде младоста, за да ми го одзеде сопругот, ми даде дете за да му го одземе здравјето, ми даде куќа. Но што е куќа кога не можам да ја направам дом.  

Црни ѕидови, мувла насекаде, кога надвор врне, врне внатре, не во душата туку буквално во постелата во која треба да легнеш и да заборавиш на сите проблеми. Мене секојдневно ми капат капки за да ме потсетат одново и одново на сите мои проблеми. Немам што да им дадам, срцето го носам на трпеза секој ден, носам и насмевка, а душата ми плаче. Живеам за нив, се борам за сите нив, работам што ќе стигнам, кај кого ќе стигнам, секогаш достоинствено, секогаш чесно за една корка леб.

Силна сум, многу сум силна, но сепак и јас сум од крв и месо, еден ден и јас морам попуштам. Ете како денес на скалите. Но, нешто од внатре ми вели дека ќе дојдат подобри денови. Затоа секогаш ги бришам солзите, ја голтам болката и продолжувам со крената глава. Извини што ти го одзедов времето и благодарам што ме ислуша“, заврши бришејќи ги солзите.

Јас ја гледав, не беше многу повозрасна од мене, можеби беше пет години постара. Се уште беше млада за животот така да ја оштети. Немав утешни зборови, ја прашав за нејзината адреса, со ветување дека ќе ја посетам за колку толку да и помогнам. Ја оставив на скалите, таа ги избриша солзите и продолжи да ги брише скалите.

Ми се вртеа мисли за тоа како оние најискрените, оние најчесните, оние за кои треба да постојат само убави работи, живеат живот на работ на нервите. Не беше фер и не знаев зошто е така, но како што самата мајка рече, можеме само да се надеваме на подобри денови, нешто од внатре како да ни кажува дека ќе дојдат. Бев сигурен дека за неа ќе дојдат. Ако нешто друго, знаев дека ќе покренам акција за да и помогнам. Тоа и го должев...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg