8 работи за кои животот е прекраток да ги толерирате

Не мора секогаш да се помирите со судбината - таа е одредена исклучиво од изборите кои ги правите секојдневно.

8-raboti-za-koi-zivotot-e-prekratok-da-gi-tolerirate-1.jpg

Ако имате чувство дека во последно време стоите и тапкате во место, голема е веројатноста да толерирате работи кои не би требало.

Време е животот да си го вратите на вистинскиот пат.

Затоа што животот е премногу краток за да толерирате...

1. Луѓе кои ви го уништуваат расположението

Врските би требало да ви помогнат и да ви го разубават животот, не да ве повредуваат. Поминувајте време со луѓе кои се слични на вас, па дури и се попаметни и понезависни. Од таквите секогаш ќе научите нешто ново и позитивно.


2. Вашата негативност

Бидете свесни за силата на менталниот разговор сами со себе. Сите треба нечујно да разговараме со своите мисли. Ако слушнете негативни мисли, подобро побегнете им. Секогаш имајте на ум дека ништо не е така црно како што ви изгледа.


3. Беспотребна, погрешна комуникација

Кажете го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно и прецизно. Поставувајте прашања. Разјаснувајте ги работите додека целосно не ги разберете.


4. Вашето доцнење

Станете 20 минути порано и престанете да трчате наоколу. 20 минути ви се сосема доволни за да ги избегнете казните за брзо возење, доцнење и други дополнителни проблеми кои ќе ви ја зголемат главоболката.

8-raboti-za-koi-zivotot-e-prekratok-da-gi-tolerirate-2.jpg

5. Притисокот да се вклопите во мнозинството

Често, единствена причина заради која другите сакаат да се вклопите, е  да не бидете поразлични и поуспешни. Не ја правете оваа грешка.


6. Стравот од промени

Животот е промена. Секој ден е различен. Затоа, ако денес нешто драстично ви се случи, не се плашете. Само радувајте се. Затоа што промената значи дека нешто правите како што треба.


7. Константното правење на исти работи

Вие сте збир од вашите животни искуства. Што повеќе искуства стекнувате, толку поинтересна ви станува животната приказна. Затоа, не бидете здодевни. Правете нови работи.


8. Неискреност

Искреноста создава внатрешен мир, работа која не можете да ја купите без оглед колку сте богати.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска за CRNOBELO лексикон: „Свекрва ми ми е идол“ „Ако имам времеплов би се вратила само во средно училиште. Најубавите четири год...
Стефан Филиповски за CRNOBELO лексикон: „Најдобро потрошени пари ми се за станот што си го купив“ „Не бев многу по учењето, но знаеше да ме фати инает и да поминам многу добар во...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
„Ќе дојде тетка ти од Србија, ти бриши ги прозорците, заедно ќе го исчистиме фрижидерот“ Ние како и секоја нормална македонска фамилија, ја исчистивме куќата, се искарав...
Д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми е најголемиот херој“ „Кога би имал времеплов би сакал да се вратам во времето кога одевме на море со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg