Ме љубиш само доцна во ноќта кога градот е празен...

Не можам веќе, ми се смачи од цела оваа игра. Долго време поминав во улогата на другата, онаа која нуди утеха, која нуди незаборавни ноќи, а за возврат добива непостоечко име во телефон и едно „Се познаваме“.

me-ljubish-samo-docna-vo-nokjta-koga-gradot-e-prazen-01.jpg

Да, ми здодеа да се кријам, да се јавувам само во одредено време, да немам кому да се потпрам и да живеам со мислата дека цела оваа адреналинска игра ќе заврши со среќен крај. И не верувам веќе на ветувањата дека ќе бидам првата, дека ќе ме покажеш пред светот, ќе ме држиш за рака, ќе ме бакнуваш пред сите, а не како досега.

Ме љубиш само доцна во ноќта кога градот е празен, кога на улица се само бездомниците и по некоја залутана будала.

Ми здодеа да доаѓам со такси до адресата на нашето место, за кое не знам дали е наше, ама така си го нарекуваме.

Сакам како и секоја жена да имам некој покрај себе, а вака имам, ама немам. Затоа што таа те држи за рака и светот мисли дека неа ја сакаш, а јас веќе не знам што да мислам. Но знам, дека веќе вака не можам.

Знам дека со последното „не“, ќе те изгубам засекогаш. Да, го сфатив тоа, веќе некое време не живеам во илузија дека јас сум „сè“ за тебе, а таа е само маска. Но, таа маска те има, те има во домот, те има за празници, те има за прослави, достапен си за неа, а за мене си само желба во ноќта, копнеж за љубов.

Веќе не знам кој кого теши, дали ти мене или јас тебе или можеби двајцата бегаме од секојдневието, добивајќи лудост. Што со таа лудост, до кога?

Секоја игра има крај. Каков ќе биде нашиот крај, среќен или несреќен? Не знам, но веќе се одлучив за првото „НE“, кое можеби ќе биде последното.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
Се ежам од вестите за сексуални напади на децата во првите одделенија кај нас и во Србија – Што се с... Во Србија девојче (8) сексуално злоставувало соученичка, кај нас деца со тврд пр...
Не сме изморени од животот - Изморени сме од разочарувања и да нè повредуваат другите Не сме изморени од животот, изморени сме да гледаме назад, постојано да гледаме ...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg