Биди сигурен кој си и што си, пред да запознаеш некој нов

Никој на овој свет без разлика на тоа во каква околина живеел, не поминал глатко, без препреки и тешкотии кои треба да ги надмине на патот кон созревањето, на патот кон станување човек, на патот кој го нарекуваме живот.

mozebi-nema-da-sfatite-od-prvo-shto-vi-se-sluvucva-no-pesjacite-po-mlecnite-zabi-se-najdobrata-rabota-shto-vi-se-slucila-01.png

И големите луѓе поминувале низ свои тешки периоди, од кои научиле нешто и истото го преточиле во мудри зборови.

Прочитајте ги нивните цитати кои ќе ви помогнат да истраете во секоја потешка ситуација:

1. „Ако сакате да промените или подобрите нешто во вашиот живот, морате да почнете така што ќе ги менувате внатрешните аспекти на вашиот ум“ – Брајан Трејси

2. „И тоа ќе помине“ – Персиска изрека

3. „Да сакате. Да бидете сакани. Никогаш не заборавајте на својата безначајност. Не се навикнувајте на премолчено насилство и различни вулгарности во животот. Пронајдете радост во најтажните места. Извлечете убавина од секое дувло. Никогаш не го поедноставувајте она што е компликувано или комплицирајте работи кои се едноставни. Почитувајте ја силата, не моќта. И Пред сè – гледајте. Обидете се да разбирате и пробувате сè околу себе. Никогаш не го симнувајте погледот, никогаш не заборавајте“ – Арунхати Рој

4. „Стани подобра личност и биди сигурен кој си и што си, пред да запознаеш некој нов, надевајќи се дека таа личност ќе знае кој си и што си“ – Габриел Гарсија Маркез

5. „Твоето време е ограничено, не го троши живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувај да те зароби догмата – живеј како што другите мислат дека треба. Не дозволувај буката на туѓите мислења да влијае на твојот внатрешен глас. И најважно, имај храброст да ги следиш своето срце и интуиција“ – Стив Џобс

6. „Никогаш не одолевај на искушението – пробај сè, а цврсто задржи го на што е добро“ – Џорџ Бернард Шо

7. „Кога бев дете гледав ужасни работи на вестите, а мојата мајка секогаш ми велеше: Побарај помош. Секогаш ќе најдеш луѓе кои сакаат да помогнат. До ден денес, посебно во ова хаотично време, секогаш се сеќавам на мајчините зборови и ме утешува сознанието дека постојат луѓе кои ќе помогнат“ – Фред Роџер

8. „На овој свет постојат две мотивациони сили: страв и љубов. Кога се плашиме се повлекуваме од животот. Кога сме заљубени се отвораме за сè што животот ни сервира со страст, возбуда и прифаќање. Мораме прво да научиме да се сакаме себе, со сите свои несовршености. Еволуцијата и сите наши надежи за подобар свет се наоѓаат во визијата без страв и со отворено срце за луѓето кои се подготвени да го прифатат животот“ – Џон Ленон

9. „Одамна ми стана јасно дека луѓето кои се склони на постигнувања не седат и не чекаат работите да им се случат. Тие самите прават работите да се случуваат околу нив“ – Леонардо да Винчи

10. „Во секојдневниот живот јас сум типичен осаменик, со свест за тоа дека припаѓам на една невидлива заедница на оние кои ја бараат вистината, убавината и правдата, затоа не се чувствувам изолирано“ – Алберт Ајнштајн

11. „Не се грижи за малите работи и онака сè на крајот ќе биде во ред“ – Боб Марли

12. „Сите недостатоци кои сум ги имал, сите проблеми и препреки, ме направиле посилна личност. Можеби нема да сфатите во прв момент дека тоа ви се случува, но песјаците по млечните заби некогаш можат да бидат најдобрата работа која ви се случила во животот“ – Волт Дизни

13. „Последните 29 дена во месецот се најтешки“ – Никола Тесла

14. „Лифтот кој води до успехот се расипан, но затоа скалите се секогаш достапни“ – Зиг Зиглар

15. „Несреќата ви изгледа многу помала кога за неа молчиме, отколку кога за неа зборуваме. Зборувањето за несреќата, прави истата да стане подлабока и поцрна, посебно кога за неа се зборува по сто пати, и самата се зголемува сто пати. Молчењето е најдобар лек против несреќата, најдостоинствениот човеков отпор и одмазда на судбината“ – Јован Дучиќ

Би можело да ве интересира:

7 важни животни лекции со кои ќе го најдете својот секојдневен мир Престанете да верувате дека социјалните мрежи ја одредуваат вашата вредност како...
„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво врем... Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тит...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg