Новото палто

Само што ја допивме чашката винце со другарка ми, отидов во другата соба каде требаше да спијам, ја отворам чантата и што да видам?

novoto-palto-01.jpg

Сум ја заменила. Многу се изнервирав, веднаш помислив што ќе облечам утре за семинарот, во чантата ми беа новите чевли, новата кошула, што да правам, како ли ја сменив?

Се сетив дека на автобуската станица имаше девојче со иста торба како мојата, па очигледно кај неа се моите нови чевли.

Мислам дека таа прва ја зела погрешната торба, па мене не ми остана ништо друго освен да ја земам нејзината, сосем несвесна дека земам туѓа.

Како ли можеше да имаме исти торби? Почнав да викам, а другарка ми ме смируваше. Бев во шок, помислував само мене ова може да ми се случи, само јас сум толкав малер, како не си зедов друга торба, не требаше да ја ставам во багаж, ама сега се беше излишно.

Другарка ми на шала ми рече, види има убаво палто во торбата, а јас ѝ се налутив, бидејќи сметаше дека нема да ја најдеме мојата торба.

Направивме сè што можевме, се јавивме во автобуската станица и го оставивме мојот број, другарка ми, ми најде топ комбинација за на семинар и ми рече дојди да наздравиме за новото палто, јас се насмеав.

Успеа да ме насмее и да го реши проблемот без никаква тензија.

Ми рече „Aх бе Maци, сè се враќа, може и ќе ја најдеш торбата, само изгубените нерви никој не ги враќа. Ајде погледни што е позитивно во цела ситуација, пред тебе е тест да провериш колку си имуна на марфиеви случки, покажи смиреност и ќе видиш дека нештата ќе си дојдат на место“.

Ме смири со тоа некако и навистина, кога имаме проблем, бесполезно се трудиме да најдеме причини зошто се случило, како поинаку ќе реагиравме, притоа ја трошиме енергијата за да најдеме решение на проблемот. 

Само ведро и ако животот ти даде лимони, направи лимонада!

П. С. Не добив одговор од автобуската станица, изгледа на девојката и се допаднале новите чевли, но и нејзиното палто мене супер ми стои!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“ „Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па ...
За Бадник паричка дома, за Василица со пријателите - Како почнавме наша традиција која нè зближи ушт... Првата година сите бевме „изгубени“, никогаш претходно не сме кршеле пита за Вас...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg