Фрли ја тежината на твоето минато кон ветрот и почни одново
Кога минатото се реди пред твоите изморени очи, толку што повеќе не можеш да видиш пред тебе...
Миризбата на старите сеќавања упорно те следи, ја чувствуваш во воздухот – кисела, како свенати цвеќиња. Цвеќиња чија боја одамна заминала некаде во далечината и се заменила со мрачен хаос.
Тогаш не можеш да размислуваш правилно и се предаваш на тежината на срцето. Клекнуваш на твоите колена.
И во сето тоа бавно паѓање, предавање и чувствување гледаш само редови и редови жолти листови хартија дебели колку твојата кожа.
Искинати страници, разнишани сеќавања, недовршени глави и чинови на твоите драми, можности кои посакуваш да си ги пробал, љубов која можеби никогаш нема да ја разбереш и разочарувања кои го отпечатуваат твоето срце.
Овие страници се лепливи и дебели, ја блокираат жолтеникавата светлина на сонцето и го спречуваат ветерот да дојде до твојата кожа.
Едноставно не можеш да продолжиш да дишеш...
Исчисти го сето тоа, разбистри го умот и почни одново!
Нова страница, каде твоето срце е помудро, а почисто, подготвено за нов живот, нов хаос, нов преубав месец и грешки.
Не се обидувај да ја отстраниш дебелата, мрачна и обрасната шума на твоето срце со секира – нема да ја исчистиш и нема ништо да направиш.
Време е за пот.
Оди подлабоко.
Ќе ти биде потребна поголема пила и дестилирана храброст за да исчистиш сè од твојата душа.
И тогаш кога ќе се исплашиш – слободно плачи.
Дозволи солзите во форма на снегулки кои се формираат од замрзнатиот ладен страв, каење и паника да паднат на твојата брада, како светликави кристали. И продолжи понатаму.
Само продолжи.
Затоа што заслужуваш слобода.
Заслужуваш можност да напишеш нова приказна за тебе со најново мастило.
Заслужуваш да почнеш одново.
Па почни - не чекај.
Излези надвор во длабоката ладна ноќ.
Фрли ја тежината на твоето минато кон ветриштата.
Гледај како сè заминува во далечината.
Дозволи ветрецот да те ослободи од тежината.
Дозволи ветрот да земе сè.
И остави таму сè.
Потоа стапни храбро во изгрејсонцето, како нова душа, подготвена да дише, како првиот пат.
Слободна...
Слобода...
Почувствувај ја!
Животот е твој. Приказната е твоја.
Што ќе напишеш?
Почувствувај ја слаткоста на утринскиот воздух.
Почувствувај како твоето срце отчукува, како е жедно за убавината на денот.
Почувствувај го сјајот на твојата душа.
Огнот кој гори само за тебе.
Да, токму така, само за тебе.
Твоето срце е твоето пенкало.
Твојата душа е твоето платно.
Ти си уметничкото дело.
И во длабочината на утрото, сè можно!
Што ќе насликаш? Што ќе напишеш?