Кристина Димитри за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам моќ да ги излечам сите деца во светот“

„Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече“, вели Кристина Димитри и се потпиша во нашиот забавен лексикон.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-01.jpg

Мајка, манекенка, пејачка... Кристина Димитри искрено одговараше на 25 прашања од нашиот лексикон.

Па, ни откри каков прекар ѝ дал татко ѝ кога била мала, но и зошто ги тепала машките кога била дете.

Кристина Димитри се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Кристина Димитри. Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

27 години, а во хороскоп сум Рак (родена на 02.07.1996)

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Многу ми е тешко да издвојам, но една од топ 5 ми е „Sign of the Times“ од Хари Стајлс. Тој ми е и омилен пејач.

4. Која ти е омилена книга?

„Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-03_copy.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Како актер би го издвоила Ченинг Тејтум, актерка Анџелина Џоли, а филм - „Mr. & Mrs. Smith“.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб?

Омилен спорт ми е карате.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имав до пред некоја година, а се викаше Едвард - Еди.

8. Кој ти е среќен број?

Немам.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-08.jpg

9. Кој ти е омилен виц?

„Договор си е договор“, ха ха ха. Поздрав за сите што го знаат.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилен пијалак ми е вода, а од храна би издвоила паста и суши.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Мој надобар другар е Филип. Живее во Србија, но се дружиме цели 10 години. Тој не е најдобар другар, тој ми е брат, фамилија, психијатар, човек кој е дефинитивно богатство и среќна сум што го имам.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик, кој одлично се снаоѓаше. Во средно попуштив поради манекенската кариера, но сепак се потрудив да балансирам.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Мајка ми.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-07.jpg

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Пепелашка.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Бидејќи израснав со брат, сите машки игри беа приоритет.

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Ха ха, ги има многу.

17. Дали некогаш си се степала?

Да. Многу често ги тепав машките кога ми даваа комплименти.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-06.jpg

18. Што правиш во слободно време?

Слободно време имам баш ретко... А тогаш обожавам да сум на планина, сакам кино и добар филм секогаш.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Не би се враќала назад, бидејќи оваа што сум денес е процес кој морал да се помине.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Моќ да ги излечам сите деца на светот.

21. Од што се плашиш?

Од самата себе.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-02_copy.jpg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Првиот симпатија го запознав во Црна Гора, бев на летување со моите родители и брат ми. Тој се викаше Марко, и денес немам контакт. Но, имам заедничка фотографија во мојот лексикон.

23. На која песна откачуваш во кафана?

Уффф, на многу.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Секое вложување во кариерата.

25. Кое е најубавото место на светот?

Покрај мојот син.

kristina-dimitri-za-crnobelo-leksikon-sakam-da-imam-mokj-da-gi-izlecham-site-bolni-deca-vo-svetot-05_copy_copy_copy.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Кристина: Зошто сте најдобри?

CRNOBELO.com: Затоа што работиме напорно како тим, затоа што секој од нас дава сѐ од себе за да презентираме нови и забавни содржини и затоа што секогаш предвид ги земаме и коментарите и интересите на читателите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg