Приказна од мојот дедо: Како ќе знаеш дека си успеал во животот?

Се сеќавам имав некаде шест или седум години, не се сеќавам точно, но знам дека наместо да ме однесат во градинка мене ме чуваа моите баба и дедо и можам да кажам дека имав доста напредни сфаќања и размислувања за разлика од оние кои беа на моја возраст.

prikazna-od-mojot-dedo-kako-kje-znaesh-deka-si-uspeal-vo-zivotot-01.jpg

Така барем сите ме паметеа. Дури и учителката ги викаше моите родители заради моите испади на несфатливи реченици за другите за време на часовите.

Но, не ми беше тоа поентата.

Беше есен, баш како сега, додека небото се обојуваше со различни бои и додека сè некако се  чинеше како да изумира и да се подготвува за зимска хибернација. Јас се нишав на нишалката над испаднатите лисја на огромниот орев.

Нишалката беше направена од гума и јаже, поставена во старото гумно (така го викаа местото зад куќата, гумно, никогаш не разбрав зошто). Дедо ми ме нишаше, а јас непрестајно се смеев. И додека траеше таа есенска меланхолија јас го запрашав прашање кое ме мачеше во тој момент.

Како јас дедо кога ќе пораснам ќе знам дека сум успеал во животот, како ќе знам дека сè она што си ме научил сум го применил и сум пораснал во личноста во која што ти си се надевал дека ќе пораснам ?

На мое изненадување се насмевна, го знаев јас него, тој беше стар итрец, сè знаеше, сè!

После неговото слатко смеење тој ми раскажа нешто што до ден денес го паметам.

Рече :

„Замисли си дека стоиш на еден висок трупец, многу висок, до небото, незамисливо висок и имаш дрвени лажици, од оние со кои сркаме кога јадеме нешто старинско на баба ти. Но, замисли дека тие лажици се многу големи и во нив се крие магична течност која не смееш да ја истуриш.

Ако ја имаш ќе ти помогне во секоја сфера од твоето постоење. Таква магична течност постои за љубов, пријателство, работа, училиште, факултет и за сите други убави работи кои треба да ти се случат.

Е сега замисли дека тие огромни лажици ги балансираш со твојата десна или лева нога, сам одбери, на тој висок трупец, можеш да си замислиш нели?

Засега имаш само две, училиште и пријатели. Но, како што ќе растеш ќе се додаваат и ќе имаш сè повеќе и ќе биде сè потешко. А, од тука ќе ти го дадам и одговорот на твоето прашање.

Ако успешно ги балансираш лажиците со магични течности за љубов, семејство, работа и пријателство, ако паметно сето тоа го издржиш без да истуриш една од нив, е тогаш внучко ќе знаеш дека си успеал во животот и си постанал личност, каква што јас од срце посакувам да постанеш.“

Тогаш не разбрав многу, некако сето тоа што го зборуваше ми делуваше како невозможна фикција која ја измислува само за да ме забавува.

Но, кога сега си го враќам филмот сфаќам, разбирам колку бил во право.

Кој би помислил дека толку навидум лесен баланс е успехот во животот.

Но, дали сме доволно силни да ја издржиме болката во ногата додека балансираме? Ќе успееме ли?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg