Ти благодарам што ме одбра токму мене
Мила моја,
Ти благодарам за тоа што си неизоставен дел од моето секојдневие кое стана волшебно откако те запознав.
Ти благодарам за сите приготвени оброци кои ги зачинуваш со насмевка.
Ти благодарам за тоа што ме сакаш дури и кога грешам.
Ти благодарам за тоа секогаш успеваш да ме вратиш на вистинскиот пат.
Ти благодарам за тоа што ме одбра токму мене за твој сопруг.
Иако, можеше да одбереш некој друг бидејќи сите те сакаат.
Сите мажи сонуваат за тебе, те посакуваат.
Царство би дале за една ноќ со тебе.
Ти благодарам премногу за што ме одбра токму мене.
Оној кој не направи ништо посебно за да те насмее на првата средба.
Оној кој понекогаш знае да те налути, растажи и расплаче.
Ти благодарам за тоа што одлучи секој нареден ден да заспиваш покрај мене.
М.К. | Црнобело