Најмудрата приказна од мојата баба: Бесконечноста не се учи, таа се живее

Беше претпладне, јас бев седнат на левиот дел на каучот со тетратка во рацете и го пиев првото утринско кафе, додека од кујната продираше силен мирис на топли тостови кои мојата прабаба ги правеше за мене, иако преголем за таков третман, сепак секогаш го добивав.

kolku-iznesuva-vrednosta-na-beskonecnosta-01.jpg

Ми рече да седнам да јадам, но јас бев толку задлабочен што ништо не одговорив, па после некое време реков само едно отсутно “Ќе станам сега”.

Додека таа ми зборуваше јас во главата си решавав математички проблеми кои беа испишани во тетратката, нешто бев замислен околу бесконечностите. Мрморев несвесно за тоа дали помеѓу еден и два има исто толку бесконечно броеви колку што има помеѓу девет и десет. Тоа беше прашање кое ме мачеше тоа понеделничко утро.

На мое изненадување, прабабами ми проговори дека таа знае колку изнесува бесконечноста. Си помислив, од каде таа би знаела такви работи кога воопшто не е запознаена со алгебрата и законите на математиката, бидејќи во нејзино време школството било луксуз, за разлика од денес.

Ми одговори така кратко и продолжи да го плете црниот зимски џемпер со волна која си ја купила од пазар, во тоа беше добра, ако не и најдобра, бидејќи научила уште на дванаесет години.

Но, ме заинтересира, од каде таа храброст да каже дека знае нешто што по никоја логика не би требало да го знае. И тогаш на мое изненадување ме замолчи во секунда.

„Ако веќе сакаш да знаеш колку изнесува бесконечноста, треба да ја доживееш, тоа не се учи, тоа се живее. Јас знам за неа, бидејќи твојот прадедо постоеше во мојот живот. Немаше ден, а јас да не бидам насмеана, немаше работа која јас не ја добив од неговата љубов, немаше ден, а да не воздивнам благодарна што Господ ме испрати во неговите раце. Тој ми беше светот, тој ми беше сè. Но, да не застранувам. Знаеш дека тој скоро замина, датум кој ми ги промени сите биолошки процеси, датум на кој посакував јас да заминев место него. Проклет датум. Секогаш кога ќе легнам во постела му се молам на Бога да ме земе за да бидам крај него. Но, тој не ми дава, замина за да се осигурa и таму да ме пречека како што ме третираше цел живот, беспрекорно, фер и секогаш со добра мисла и намера. Ете тоа е вредноста на бесконечноста.

Од неговата огромна љубов, тој не ми дава да одам кај него, сака да живеам, да надживеам и добро и лошо, тага и болка, затоа што тој ме научи како. Иако секој ден го молам, неговата душа не ми дозволува да го напуштам овој свет. Тоа е таа бесконечност и кога ја нема постои, кога не ја бараш те наоѓа и баш кога ќе помислиш дека ја нема, таа те потсетува - тука е. И си велам дај Боже секој од нас да доживее да ја почувствува вредноста на бесконечноста.“

Долго се чудев, многу долго потоа. Како да ми раскажа лекција која одекнуваше низ секоја пора на моето тело и ме тераше да се замислам .

Дали ние ќе успееме да ја почувствуваме вредноста на бесконечноста, барем за момент, барем за кратко, барем еднаш, за да ја памтиме како неа за навек!?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg