Пази се од жена која чита книги!
Еден маж со својата жена отишол на одмор покрај прекрасно езеро погодно за риболов. Додека тој сакал да оди да лови риба, неговата сопруга обожавала на мир да чита книги.
Едно утро, мажот по неколку часа риболов се вратил да отспие, а сопругата одлучила сама да го извози чамецот во езерото.
Го запалила моторот, го извозела чамецот до едно осамено место, ја извадила книгата и продолжила во тишина да ја чита својата книга.
- Добро утро госпоѓо. Што правите?
- Читам книга, кратко одговорила.
- Вие сте на дел од езерото резервиран за спортски риболов.
- Жал ми е господине, но не ловам. Само седам во чамецов и читам книга.
- Да, но во чамецот ја имате потребната опрема за ловење и ако мене ме прашате, може во секој момент да почнете да ловите без никаква дозвола. Ќе бидам приморан да ве поведам со себе до станицата и против вас да поднесам пријава, ѝ објаснил.
- Ако го направите тоа, тогаш и јас ќе поднесам пријава против вас, но заради силување, му одговорила жената.
- Но, не ве ни допрев... зачудено рекол инспекторот.
- Да, но вие со себе го имате целиот потребен прибор и ако ме прашате мене, може да го направите тоа во секој момент.
- Уживајте во прекрасниот ден...
Поука:
Не влегувај во расправија со жена која чита. Веројатно нејзиниот мозок работи како машина.
А, ако веќе се расправаш со жена која чита, тогаш барем помири се дека ќе изгубиш.