Среќна личност не можете да станете преку ноќ, треба да работите на себеси
Да не се лажеме не постои формула која функционира како магично стапче кога ќе посакате среќен живот веднаш да го добиете.
Среќниот живот не се добива на лотарија, морате самите да го изградите. Чекорите кои сега ги преземате влијаат на случувањата утре.
Затоа, треба да бидете одговорни за своите постапки.
Прифатете ги промените
Ако сте незадоволни во животот со нешто, запрашајте се колку долго е тоа така и дали нешто се променило во тој период. Ако забележите дека работите едноставно не одат повеќе, тогаш обидете се да откриете нови начини како да си го подобрите животот. Тоа може да значи промена на работно место, град или врска...
Промените знаат да бидат тешки, но тоа не значи дека се лоши!
Ако се плашите да преземете нешто ново, следете ги зборовите на Џим Кери: „Може да не успеете во нешто што не го сакате, затоа не плашете се да ги правите работите кои ги сакате.“
Не смее стравот да ве запре.
Бидете си поддршка самите на себе
Себеси сме си најголеми критичари. И тоа до некаде е во ред, само не смеете да претерувате. Лоши работи се случуваат и понекогаш вие не можете да ги спречите, тоа не треба да ве исфрли од колосек.
Она што вие може да го направите е да согледате што сте направиле погрешно и на научите како да постапите следен пат. Засрамувачките моменти, грешките и недостатоците не служат за да се „удавите“ во нив, туку да научите нешто за следен пат.
Останете на патот
За да станете задоволни со себеси потребна е посветеност. Да знаете кога треба ги промените работите во животот е позитивна карактеристика, но постојано да одите од една на друга страна е проблем. Кога учите од сопствените грешки е многу потешко, но и наградите за успехот кој следи се поголеми.
Кога ќе ви се појават пречки на патот, обидете се да ги лоцирате, а не да избегате од нив.