20 работи кои треба да ги напуштите засекогаш

Секојдневието ни наметнува толку многу неважни вредности и потреби кои ни нудат лажна формула за среќа. Вие не треба да станете некој или да постигнете нешто за да бидете среќни.

20-raboti-koi-treba-da-gi-napustite-zasekogas-01.jpg

А напуштањето на сите тие чудни мисли знае да биде малку застрашувачко, но и неверојатно ослободувачки.

Ова се само главните 20 работи и мисли од кои треба да се откажете засекогаш:

1. Напуштете ги мислите кои не ви даваат чувство на сила и моќ.

2. Напуштете го чувството на вина затоа што правите нешто што сакате.

3. Напуштете го стравот од непознатото. Направете еден мал чекор и гледајте како патот ви се отвора.

4. Напуштете го жалењето. Во одреден дел од животот сте го направиле она што сте го сакале, па сега нема потреба да жалите за тоа.

5. Напуштете ја грижата. Грижата е исто како да се молите за нешто што не го сакате.

6. Напуштете ја потребата да обвините некој за било што, сами сте одговорни за својот живот. Ако нешто не ви се допаѓа имате два избори - да прифатите или да промените.

7. Напуштете го размислувањето како сте „оштетени“, вие му требате на светот баш такви какви што сте.

8. Напуштете го размислувањето дека вашите соништа не се важни. Не сте ни свесни колкава грешка правите.

9. Напуштете го идеалот дека мора да бидете секогаш тука и на располагање на другите.

10. Напуштете ги размислувањата како сите други се посреќни и поуспешни од вас. Вие сте баш таму каде што треба да бидете.

11. Напуштете ги мислите дека во овој свет сè е црно-бело. Уживајте во контрастите и различностите.

12. Напуштете го константното навраќање во минатото. Време е да раскажете нова приказна.

13. Напуштете го размислувањето дека стоите во место.

14. Напуштете ја лутината кон бившите партнери, пријатели и семејството. Само затоа што некој однос е завршен, не значи дека емоциите биле погрешни.

15. Напуштете ја потребата постојано да направите и вложите уште малку повеќе. Досега сте направиле сè што сте можеле и тоа е сосема доволно.

16. Напуштете го размислувањето дека секогаш мора да знаете како и каде сакате да стигнете. Понекогаш попатно учите и откривате.

17. Напуштете го постојаното жалење околу немањето пари.

18. Напуштете ги обидите да ги спасите или промените луѓето. Секој има свој пат и најдобро би било да се фокусирате на својот.

19. Напуштете ги обидите и да се вклопите и другите да ве прифатат. Вашата единственост му е потребна на овој свет.

20. Напуштете ја омразата кон себе. Вие не сте облик на тело или број на некоја листа. Откријте кои сте, позитивно ќе се изненадите.

Би можело да ве интересира:

10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
Заштити ја сопругата и поддржувај ја – направи да се чувствува сакано Заштити си ја сопругата. Треба да бидеш нејзин партнер, нејзина доверлива личнос...
Половина од сијаличките на елката не работеа, лампионите беа во разни бои - Како украсувавме во '90-... Елките беа шарени, украсени со стаклени лампиони во сите бои. По елката стававме...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg