Трошете ги моментите на убавина
Од денеска, направете план како ќе го потрошите секој ваш момент, затоа што секој еден момент е премногу скапоцен. Трошете ги моментите на убави и добри луѓе, на нештата кои вредат и ве прават среќни.
Добар дел од времето посветете го на вашите деца. Доколку се уште се малечки играјте со нив, зборувајте им, читајте им приказни, пејте им песнички, а ако се малку поголеми играјте креативни игри, логички игри, разговарајте, заедно гледајте анимирани филмови. Посетете ги децата на вашата најдобра пријателка или сестра и израдувајте ги со вкусни чоколади.
Размислете која ќе биде ваша следна дестинација. Патувањата ви ги хранат очите и душата и ви ги прошируваат хоризонтите. Уште денеска, во некоја туристичка агенција уплатете за вашето идно патување.
Не дозволувајте ниту една вечер да помине без доволни количини на страст. Негувајте се и бидете секси. Одберете провокативна долна облека и измамете му воздишки на саканиот. Гответе само за него, читајте му еротска поезија на глас, масирајте го...
Направете добро дело кое ќе предизвика насмевка. Од цвеќарница купете цвеќе и подарете и го на вашата баба. Од омилената слаткарница земете чоколадна торта и изненадете ја вашата мајка. Непотребните работи од вашиот дом донирајте ги. Ќе се чувствувате спокојно.
Избегајте од градот во кој живеете и работите на еден викенд. Откријте место на кое досега не сте биле.
Исклучете го телефонот и одлогирајте се од сите профили на социјалните мрежи. Дознајте што навистина значи зборот одмор. Ако ништо друго, барем на неколку часа, на ручек или кафе и благо отидете до соседниот град.
Размислете добро што е она што ви привлекува најмногу внимание и посветете малку време на тоа... Колекционерите се страшно страсни луѓе. Доколку обожавате навечер да се релаксирате со чаша вино, направете си домашна колекција на најдобрите вина. Ако сакате да читате, почнете да ја подготвувате вашата домашна библиотека...
Уживајте во секоја секунда, искористете ја максимално, затоа што таа никогаш повеќе нема да ви се врати.
Автор: М.К. | Црнобело