Свадбата е само за народот

Свадбите ме растажуваат. Секогаш.

svadbata-e-samo-za-narodot-001.jpg

Ќерката се дели од мајка и татко. Некоја се дели од својата љубов, а гледа како туѓа се спојува. Некоја цел живот нема среќа во љубовта, а другите ја слават. Свадбите не се фер, свадбите не се секогаш искрени. Некому не е до славење, но тогаш мора. Некои не се сакаат, но пред народот мора.

Ах, тие свадби, секогаш ме расплакуваат.

Свадбата е круна на љубовта, но никој искрено не се љуби пред светот. Заљубените говорат тивко, со цел да ги слушне само еден. Љубовта е зад затворените врати. Свадбата е за пред народот, законот и религијата. Свадбата е трошок. Свадбата е мода. Свадбата е слава еднаш во животот. 

Ех, свадбата е убава работа, кого залажувам! Не сум правела, здравје, можеби ќе правам. Но, дали тогаш, на денот на мојата свадба, ќе помислам на сите оние девојки кои ќе плачат можеби поради мојата?

Не, тогаш нема да помислам колку сум била тажна некогаш на нечии, туку само ќе бидам среќна, радосна и весела само поради мојата. Ќе бидам себична. Нема ни да погледнам во другарките кои дошле сами на веселбата, без партнери, нема да ми биде грижа за оние кои не ме викнале на нивната, па затоа не сум ги викнала ни на мојата, нема око да ми трепне кога ќе ставам еден мал милион фотографии од свадбената фотосесија на Фејсбук додека некои девојки ќе си помислат: „Кога ли јас вака?“.

Нема да ми биде гајле. Бидејќи ќе правам свадба, јас ќе бидам главна.

Свадбите се за плачење, тоа си го сфатив. Под радосниците си ги кријат вистинските.

Младоженецот голта и пее, се сили, и којзнае дали ја сака невестата. Да, можеби е бремена. Дај Боже да е само за убаво. Можеби не и е до играње, но сакаат старите. Сакаат да се пофалат пред светот.

Сакаат еден куп девојчиња да плачат. Да плачат оние што раскинале, да плачат оставените, да плачат разведените, вдовиците, тепаните, малтретираните...

Никој не помислува за тоа. Важно е да е весело.

Ги сакам свадбите, но ги сакам повеќе оние во кои младоженците се гледаат право в очи цела вечер, не се разделуваат.

Тие не ни знаат во тие моменти дека имаат свадба. Тие се сакаат и без неа.

Народот знае, народот игра, народот поминал цел ден на фризер, по бутици, играл и одел по невестата, плачеле и пиеле, се измориле и изнаиграле. Потрошиле мало богатство. Свадбата чинела колку еден стан, автомобил и школување за децата. Но, ако, народот мора да види колку чини љубовта.

Можеби ќе помислам на мојата свадба. Дека некоја плаче поради мојата.

Ќе речам, барем во себе, дека свадбите и мене ме растажуваат.

Никогаш јавно, никогаш гласно.

Народот гледа.

А, свадбата е само за народот.

Автор: Марија Лозаноска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg