За еден од оние неподносливи денови

Некои денови едноставно се неподносливи. Знате за какви денови станува збор. Нели?

za-eden-od-onie-nepodnoslivi-denovi-01.jpg

Оние денови кога се будите и веднаш знаете дека тој ден ќе биде тежок. Се подготвувате и едноставно колку да се трудите, едно праменче од косата никако да се намести, дури и шминкањето не ви оди од рака. Го истурате кафето на вашата омилена блуза. Вашите пантaлони колку да се обидувате да ги одгужвате, пеглата некако магично како да не работи.

И одеднаш ви доаѓа да вриснете: „Зошто едноставно не завршиш веќе!“.

Дали ви се познати тие денови?

Кога пристигнувате на работа, дури и вашиот надреден одлучува дека денес е денот кога треба да ви ги открие сите маани на работа, да ве потсети за работите кои не се завршени. Доцните со извештајот. Вашите компјутерски вештини – сведени на нула. Не сте добри за било каков тип на работа.

Па и патувањето кое долго го планиравте претходните 6 месеци ќе мора да почека, ако не сакате да останете гладни и бездомни до крајот на месецот.

Дури и потрошувачите или соработниците кои треба да ги сретнете на овој „тежок ден“ не помагаат многу во ситуацијата. Сите викаат. Сите вриштат. Тие го употребуваат секое долче од нивниот тежок ден и го истураат на вас. На онаа личност која има тежок ден.

И што ако сте дел од оние анксиозни личности? Оние личности кои многу лесно паничат и се прилично чувствителни на ударите и стресот? Што ако сте дел од оние личности на кои потребна им е само една секунда за да размислат на сите лоши опции?

Што се случува тогаш? Што кога знаете дека токму овој ден ќе биде еден од тие незгодни денови кога едноставно најдобро е воопшто да не станете, а и тоа само по себе може да биде лоша работа?

Панични напади. Напади на анксиозност. Ништо не е во ред. Се е погрешно и ви се чини дека светот е премногу за да се издржи дури и само една секунда. Ништо не е како што треба. Сè се чини како еден голем неред.

Зошто е потребен само еден ден за целиот свет да се сруши?

И зошто баш на овој ден?

Зошто се случуваат денови како овој?

Дали се тука за да не потсетат дека немаме никаква контрола над работите?

Па на овој „претежок“ и неподнослив ден што правиме за да ја стишиме бурата?

Дишеме или се обидуваме да дишеме смирено. Слушаме музика. Слушаме смирувачки зборови. За овие денови добро е да имате и места кои ве смируваат и опуштаат. Лежите, ги затворате очите и се надевате, со микроскопски малата надеж останата во вас, дека утре ќе биде подобар ден.

Се надевате дека утре нема да биде еден од оние „неподносливи“ денови.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg