Приказна во 20 секунди: Што слуша вашето срце?
Еден човек имал прилика да го покани својот пријател Индијанец да дојде на посета во големиот град каде тој живеел.
Решил да го изнесе на прошетка во градот. Движејќи се низ улиците на големиот и бучен град Индијанецот одеднаш извикал: „Слушам штурец!“.
На тоа човекот возвратил со: „Не е возможно покрај буката и брмчењето на автомобилите да слушнеш штурец“.
Индијанецот малку разгледал и одеднаш го земал во рака малиот штурец и му го покажал на човекот.
„Како е можно?“ – прашал човекот.
Индијанецот фрлил паричник на тротоарот. Од паричникот се слушнале метални парички.
Сите случајни минувачи одеднаш се свртеле кон местото од каде се слушнал паричникот.
„Она што си научил да го слушаш ќе го слушнеш, без разлика на тоа колку е силна буката и на тоа каде се наоѓаш моментално“ – објаснил Индијанецот.
Поука: Најважно е да се научите да слушате и да се обидете да се научите да ги слушате оние работи кои не ги очекувате. Отворете го своето срце и ум за нови и поразлични работи, бидејќи тоа што не го забележуваме не значи дека не постои.