Ветувања за мојата најсакана личност
Всушност не можам да ти дадам некакви ветувања. Ветувањата научив дека не се физички опиплива работа. Тие не се гаранција дека ќе биде онака како што велиме.
Тие се вкусни зборови, светкави идеи, надежи напишани на невидливо парче хартија кои ги забораваме кога нештата не ни одат од рака. Тие звучат убаво, како некоја мелодија која може да се претвори во приспивна песна.
Не ми верувај ако не сакаш, но ветувањата не се конкретни. Тие се само зборови.
И знам што си мислиш. Ти си писател и сè што правиш е ракување со зборови.
И можеби си во право.
Јас постојано ги анализирам своите мисли и сеќавањата перманентно ги ставам на парчиња бели листови. Моите зборови не се акција. Моите зборови не се јасно зацртани. Моите зборови се само зборови.
Го знам тоа.
Токму затоа нема да ти ветам многу. Нема да ти извикувам силни и гласни „За секогаш“ реченици. Нема да ти ветам дека ќе те сакам без разлика на се и нема да барам да бидеш совршен. Не ги сакам ни твоите ветувања. Ги сакам само твоите „Се обидов..“ и „се обидувам колку што можам да ти...“. Другото можеме сами да го решиме.
Но, ако веќе сакаш ветувања, тогаш ќе се обидам.
Ти ветувам дека ќе те сакам со моите лакти. Ќе те буцнувам со нив тогаш кога ќе имаш потреба од нежно подбуцнување. Ќе бидам таму покрај тебе кога ќе треба некој да те подбутне кога ти е тешко. И знам дека кога ќе го почувствуваш мојот лак ќе имаш потреба да ми речеш: „Да не беше малку пресилно тоа?“ и ќе ме натераш да се насмеам и да те бакнам. Ќе те сакам со двата мои лакти.
Ти ветувам дека ќе те сакам со моите нозе. Научена сум да бегам. Или можам само да го кренам ќебето нагоре и да си ја покријам главата. Јас сум навикната да не се соочувам со реалноста. Но, ќе се обидам да те засакам со моите нозе кои цврсто ќе ги застанам до тебе. Па, или повеќе нема да бегам или ќе бегаме заедно.
Ти ветувам дека ќе те сакам со мојот хумор. Ќе зборувам толку многу што понекогаш ќе посакаш да ми ја затвориш устата. Така ти е тоа. Можеш да ме замолчиш понекогаш и нема да те обвинувам, но ќе ти го повишувам тонот и ќе правам шеги тогаш кога ќе посакам да ги избегнам непријатните вистини. Само знај дека ова значи дека те сакам повеќе.
Ти ветувам дека ќе те сакам со моите неуспеси. Земи ги моите скршени парчиња. Ова се сите моите моменти. Дојдов многу блиску до нешто и паднав. Затоа ти земи ги моите парчиња. Чувај ги близу твоето срце, бидејќи ти верувам. Сакам да ме видиш во моите најлоши изданија. Сакам да ме познаваш со сите мои темнини и маани. Затоа што те сакам без светла. Те сакам и кога сум слепа и верувам дека си целосен неред. Неред кој е совршен за мене.
Ти ветувам дека ќе те сакам со отворен ум. Двајцата се менуваме и она што сме сега нема да биде исто низ годините кои ќе доаѓаат. Можеби и месеците кои доаѓаат. Сакам да видам каде ќе одиш, каде ќе те води патот и како се предизвикуваш самиот. Се надевам дека и ти го посакуваш истото за мене. Никогаш не сакам да тапкам во едно место со тебе. Ќе те сакам со знаењето дека тоа што старееме е добра работа. Дека тоа што старееме значи дека правиме нешто.
Ти ветувам дека ќе те сакам со моето минато. Никогаш нема да кријам нешто од тебе и нема да дозволам да се удавиме во минатите искуства, но нема да стравувам да разговарам за моите минати врски. Можеш да го прочиташ целото мое портофлио ако сакаш и сè ќе ти кажам, целата вистина. Јас сум тука со тебе и за тебе. Сум сакала и порано, но тоа се само сеќавања сега. Сега сум со тебе. И ова сега никогаш не изгледало подобро.
Па мил мој... очигледно ова се работите кои сакам да ти ги ветам и ти ги ветувам...