Мојот сопруг ме изневери и тоа е најдобрата работа што ми се случила

Веќе неколку месеци живеевме одвоено и не дозволував да ме врати назад. Децата и јас живеевме удобно во домот на моите баба и дедо. Тука дојдовме едно попладне додека тој беше на работа. Оттогаш го видов двапати. Еднаш за погреб, а потоа за нова година.

mojot-soprug-me-izneveri-i-toa-e-najdobrata-rabota-shto-mi-se-slucila-01.jpg

Иако живеевме одвоено сè уште се двоумев околу тоа дали треба да побарам развод. Колку и да се однесуваше лошо со мене, барем имав финансиска сигурност покрај него. Продолжи и натаму секој месец да ни испраќа пари и постојано бараше да се вратам назад.

Покрај неговите периодични повици, често следев што прави и на интернет, бидејќи тој беше вработен во локалната општина и постојано имаше информации за него на медиумите. Едно утро наидов на статија за неговата афера. Првата реакција ми беше да прснам од смеење. Не дека не ми беше тешко... Сликата од него гушнат со неговата асистентка...

Истрчав кон мојата баба да и ја покажам статијата. „Можеш да веруваш во ова?“ Со месеци се чудев зошто одеднаш е толку далечен и воопшто не се грижи за моите потреби. Знаев дека постои причина зошто се чувствувам неудобно и непријатно во сопствената кожа. Иако не можев да најдам никакви докази дека ме изневерува, знаев дека мојата интуиција е во право.

По оваа статија, на површина излегоа уште многу информации за него. Дознав дека има вонбрачни деца од кое едното се родило еден месец пред да се венчаме. И како што новинарите започнаа и мене да ме притискаат за било какви информации или коментари, чувството на вина дека го напуштив целосно исчезна. Се ослободив.

И му благодарам на Бога што го напуштив тогаш. Мојот живот ќе беше далеку попеколен ако сè уште живеевме под ист покрив тогаш кога се дозна за неговата афера. И излегоа уште многу работи за него. Тој живеел двоен живот. Како воопшто да не го познавав...

Дали бев повредена? Да. Но, имав мали деца за кои требаше да се грижам и токму тој инстинкт ме натера да преминам преку моите рани и да се фокусирам во друга насока. Покрај моите деца, најдов утеха и во продолжување на моето образование. Стигнав до својата магистерска диплома.

Грешката во изборот на мојот маж произлегуваше од моето лошо воспитување. Тоа сега го знам.

Полека но сигурно се вратив на моите корени.

Тоа што некој ме изневерил не ме сруши.

Тоа што живеев со човек кој воопшто не го познавам, не ме сруши.

Четири години подоцна, јас сум повторно среќна и живеам мирен живот.

Една тешка, но научена лекција.

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg