Поучна приказна за младиот човек кој не сакал да живее со своето семејство

Кога сме млади постојано посакуваме што е можно побргу да избегаме од семејното гнездо и да започнеме да живееме сами, независни и слободни од родителите, но дали тоа е навистина добро за нас?

poucna-prikazna-za-mladiot-covek-koj-ne-sakal-da-zivee-so-svoeto-semejstvo-001.jpg

Ова е поучна приказна која ќе ви даде одговор на ова прашање:

Еден млад човек имал големо семејство и сите живееле во една куќа. Во куќата владееле слога, мир и взаемна почит, сè додека еден ден младиот човек не почнал да се жали за својата положба во куќата.

На сите им кажувал како нема приватност и како секогаш мора да се бори за својата положба во семејството. Сите му сметале и на сите постојано им бил лут.

За тоа слушнала старата баба и го повикала во нејзината соба.

Му кажала:

„Поголемиот дел од младите тежнеат да живеат сами за никој да не им пречи, но пред да се одлучиш на тој чекор, јас сакам да ти раскажам една приказна“.

Младиот човек се насмеал и кажал:

„Бабо јас се одлучив веќе, предоцна е за твојата приказна“.

Таа само се насмевнала и му кажала: „За вистинската приказна никогаш не е предоцна“ и продолжила со раскажување на приказната:

„Во една густа шума живеело едно младо дрво кое никнало на местото на едно постаро дрво и целиот свој живот било принудено да се пробива. Никогаш немало доволно светло, вода и хранливи состојки кои ги овозможува почвата.

Како резултат на густината на дрвата во шумата, тоа морало постојано да се допира до другите дрва. Некои биле насилни и го удирале со своите гранки, му ја краделе сончевата светлина и понекогаш целосно се навалувале на него.

Младото дрво почнало со текот на времето да биде тажно и депресивно.

Тогаш се одлучило да го замоли Бога да го ослободи од другите дрва за да може и тоа да почувствува слобода како што можеле и другите стебла.

Гледајќи ја неговата несреќа, Бог се смилувал и сите другите дрва исчезнале. Младото дрво останало само. Со километри во далечината не можело да забележат други дрва.

Од среќа ги раширило своите гранки и уживало во слободата. Таа среќа му траела некое време, но започнал да дува силен ветер кој полека, но сигурно преминувал во невреме. Тогаш посакало да има барем едно дрво до него на кое би можело да се навали за да не се скрши.

Тогаш се сетило зошто другите дрва го удирале и сите маки кои му ги задавале одеднаш ги заборавило и посакало да биде меѓу нив. Започнало да го моли Бога да ја врати старата шума.

Тогаш Бог му одговорил:

„Мое мало дрво, никој подобро од мене не знае што ти е тебе потребно. Маките се тука за да те натераат да пораснеш. Дали воопшто би се трудело да пораснеш ако не ти пречеше сенката од другите дрва? Би останало мало дрвце кое на првиот ветер ќе се скрши. Сè околу тебе е за твое добро.“

Младиот човек се насмевнал и на крајот од приказната ја бакнал својата баба.

Невремињата на животот се силни и што повеќе луѓе имаме околу себе, полесно можеме да ги пребродиме тие невремиња.

Не е важно какви се луѓето околу нас, бидејќи тие се покрај нас со причина.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg