Што би не посоветувале постарите? 10 работи кои треба да ги правиме во 20-тите години

Кои луѓе можете да ги наречете подобри учители од оние кои се полни со животно искуство и практична мудрост? Одговорот веројатно го знаете, ниту едни.

shto-postarite-lugje-bi-ne-posovetuvale-10-raboti-koi-treba-da-gi-pravime-vo-20-tite-godini-001.jpg

Оние повозрасните секогаш имаат добар совет кој вреди да се послуша.

Тие совети ќе не направат подобри личности и ќе не научат како да живееме поквалитетен и исполнет живот.

Мала е веројатноста дека ќе имаме причини за каење во подоцнежните години од животот, ако ги оствариме работите за кои сме сонувале и целите на кои сме се насочите во сегашноста.

Во нашите златни 20-ти години ова се работите и мудростите од постарите на кои треба да обратиме внимание:


1. Изборете се сами за себе

Најдобро е да бидете сами свој адвокат и оратор. Вие најдобро знаете што сакате од животот, кои се вашите потреби и барања. Изјаснувајте ги секогаш кога имате можност за тоа. Борете се за вас и вашите права. Без страв истражувајте кои се вашите цели и бранете ги вашите ставови и сфаќања.


2. Умно одбирајте ги битките

Не го губете времето, бидејќи е драгоцено. Не го употребувајте за извршување на непотребни работи и залудно не го трошете на неважни активности. Одредете ги вашите најважни животни приоритети и не се откажувајте од остварување на соништата и целите.


3. Штедете материјални средства

Материјалните можности не е неопходно да ги искористувате секогаш кога имате можност за тоа и што е најважно избегнувајте ја навиката да ги трошите паричните средства на непотребни работи. Подоцна ќе сфатите дека доаѓаат важни работи за кои ќе немате можности ниту средства за остварување.


4. Патувајте повеќе

Искористете ги 20-тите години од вашиот живот да патувате, да искусите многу нови и непознати култури пред да создадете семејство. Еднаш кога ќе дојдат децата и можностите за патување речиси целосно ви се намалуваат. Патувајте каде можете и кога можете. Нема да зажалите.


5. Намалете ги долговите

Ова можеби е повторно навраќање на материјалните можности и средствата, но тие се подеднакво важни како и останатите аспекти во животот. Не се задолжувајте и не купувајте на рати. Тоа се начини на стигнување до финансиски банкрот од кој понекогаш тешко ќе се извлечете. Подобро е да се научите на 3-иот совет. Заштедете, па купете го она што ви е потребно.


6. Користете крема за сончање

Сакате млада кожа и младолик изглед колку што е можно подолго? Тогаш не се засмејувајте пред овој совет. Штетните UV зрачења кои особено денес се засилени предизвикуваат пребрзо стареење на кожата и ефектите од нив се за жал неповратни.

shto-postarite-lugje-bi-ne-posovetuvale-10-raboti-koi-treba-da-gi-pravime-vo-20-tite-godini-1.jpg

7. Добро размислете пред да го кажете судбоносното „Да“

Се сеќавате кога седнавте на училишната клупа и долго се мислевте каде е најдобро да се запишете во средно училиште? Ги слушавте советите од мама и тато или вашата интуиција и соништа? И запишувањето на факултет беше важна животна одлука. И патот кон пронаоѓање на вистинската работа е важна животна одлука, а и љубовта е важна животна одлука. Добро размислете со кого ќе го минете остатокот од животот.


8. Забавете малку

Часовите и деновите бргу минуваат. Така е и со годините. Се сеќавате кога се запишавте на некој факултет, а сега веќе можеби неколку години работите или можеби имате и семејство? Забавете малку. Релаксирајте се и дајте си време за лично запознавање и осознавање.


9. Учете цел живот

Запишете се на курс по креативно истражување. Научете нов јазик. Присетувајте се на математичките формули. Читајте повеќе. И секако крајниот заклучок од сево ова е не го оставајте вашиот ум да одмара. Постојано активирајте го и развивајте го. Така ќе бидете посреќни, а и ќе имате помала шанса од стекнување на некои нарушувања како што е деменцијата.


10. Внимавајте на здравјето

Како за крај, останува најважниот совет од сите. Онака како што треба да внимавате на здравјето на вашиот ум, така треба да внимавате и на вашето општо физичко здравје. Вашиот стил на живеење, начин на исхранување, количината на дневни активности влијаат не само на моменталниот имунитет, туку и општо на долгорочното здравје. Еднаш уништено, тоа не се враќа. Затоа внимавајте кои се животните одлуки кои ги донесувате во 20-тите, бидејќи тие ќе влијаат и во 50-тите.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg