Приказна за 20 секунди: Дали потрагата за среќа носи успех?
Велат среќата не може да се пронајде, туку таа самата зачукува на нашата врата од моментот кога ќе започнеме да уживаме во животот, а доказ за тоа е и оваа приказна...
„Во едно село живеел еден старец. Тој бил еден од најнесреќните луѓе на светот. Сите од селото го избегнувале старецот, бидејќи тој секогаш се жалел и никогаш не бил расположен.
Годините си минувале, а старецот бил сѐ полош кон селаните. Луѓето започнале да го избегнуваат, бидејќи своето нерасположение тој им го пренесувал, како некој вид на зараза. Едноставно, во неговата близина немало место за позитивна енергија.
Еден ден, кога старецот наполнил 80 години се случила најневеројатната работа. Целото село зборувало само за тоа.
„Старецот е денес среќен! Не се жали за ништо, се смее, па дури и е пријатен кон нас”- си зборуваа луѓето меѓу себе.
Сите жители на селото се собраа и го прашаа:
„Што ви се случи?”
„Ништо посебно” - одговори старецот. „80 години залудно ја барав среќата. Сега одлучив да живеам уживајќи во животот, без да трчам по среќа. И сега сум среќен” - додаде старецот насмеано.