Приказна за 40 секунди: Кога Бог ја создаваше мајката...
Шестиот ден кога ја создаваше мајката, Бог работел прекувремено, тогаш дошол ангелот и му рекол: „Доста се трудиш околу тоа”...
Господ го запрашал: „Ги прочита ли карактеристиките на оваа нарачка?”
Треба да може да се мие, но не смее да биде од пластика.
Треба да јаде малку храна и да пие малку кафе.
Треба да има крилjа кои исчезнуваат кога стои.
Нејзиниот бакнеж треба да лекува сѐ: од удрено колено, до скршено срце.
И да има шест пара раце.
Ангелот погледнал зачудено и додал: „Шест пара раце? Невозможно!”
„Не се проблем рацете”, додал Бог. „Туку трите пара очи кои мајките мораат да ги имаат...”
„Во прашање е стандарден модел?”- прашал ангелот.
Бог одречно климнал со главата, а потоа додал:
„Еден пар очи со кои може да види низ вратата кога прашува: „Што правите таму деца?”. Втор пари очи со кои би можела да го види и тоа што не треба, но мора да го знае. И трет пар очи кои и требаат кога детето ќе порасне за да може да го гледа со љубов и разбирање”.
„Боже...”, додал ангелот повлекувајќи го за ракав „Одете спијте, утре ќе завршите...”
„Не можам”, рекол Бог. „Толку сум блиску до правење на креација која е најслична на мене. Веќе направив една која сама себе се лекува, која може да нахрани 6-члено семејство со 1 килограм месо, која може да натера 9 годишно дете да се бања...”
Ангелот го погледнал моделот од сите страни. „Премногу е мека”, низ воздишка рекол ангелот.
„Но, е многу цврста!” рекол Бог возбудено.
„Не си свесен што сѐ може мајката да направи”.
„Може ли да мисли?”- прашал ангелот.
„Не само што може да мисли, туку може и да смисли илјада причини за компромис”, одговорил творецот.
На крајот, ангелот поминал со прстот преку образот на мајката.
„Овде протекува”. „Те советував да одмориш”.
„Не, не протекува”, додал Творецот. „Тоа е солза”.
„За што служи? - прашал ангелот.
„За радост, тага, разочарување, болка, осаменост и гордост!”
И така е создадена Мајката - плодот на еден гениј.