Прашања кои треба да си ги поставите барем еднаш во животот
Старата поговорка вели: Оној кој не може да праша, не може ни да живее. Ако сакате одговори, мора да поставувате прашања.
Токму затоа, следат кратки, но суштински прашања кои би требало да си ги поставите. Без оглед на тоа дали ќе си ги поставите сега или во некој понатамошен момент, одговорите мора добро да ги размислите и запаметите.
1. Зошто не ме одбраа мене?
2. Дали сум добра личност?
3. Го правам ли она што вистински го сакам?
4. На што сум благодарен/на?
5. Што ми недостасува во животот?
6. Дали сум искрен/а?
7. Ги слушам ли доволно другите?
8. Дали ги слушам за да им одговорам или за да ги разберам?
9. Се трудам ли доволно?
10. Што треба да променам кај себе?
11. Дали сум повредил/а некого? Зошто?
12. На што најчесто се жалам?
13. Што очекувам?
14. Дали ми е забавен животот?
15. Дали често пропуштам можности и прилики?
16. Поминувам ли доволно време со семејството?
17. Имам ли отворен ум за нови, непознати работи?
18. Колку често ги осудувам другите?
19. Преземам ли доволно ризици?
20. Или само ризикувам непотребно?
21. Која е мојата цел?
22. Кој е мојот најголем страв?
23. Како можам да го надвладеам тој страв?
24. Дали сум успешен/на?
25. Од што се срамам?
26. Дали ги нервирам другите? И зошто?
27. За што сонувам?
28. Верувам ли во живот по смртта?
29. Што можам да направам за да го подобрам светот околу себе?
30. Која е најглупавата работа која сум ја направил/а?
31. Дали се продавам евтино?
32. Кого сакам?
33. На што сум горд/а?
34. Ме загрижува ли што мислат другите за мене?
35. Кои се моите таленти? Дали доволно ги искористувам?
36. Што ме прави среќен/на?
37. Што ме растажува?
38. Што ме лути?
39. Кој беше најтешкиот момент во мојот живот?
40. Дали сум себичен/на?
41. Која е најлудата работа што сум ја направил/а во животов?
42. Која е најлудата работа што сакам да ја направам во животов?
43. За што најмногу жалам?
44. Дали читам доволно?
45. Дали доволно им подарувам на оние кои имаат помалку од мене?
46. Дали им дозволувам на луѓето негативно да влијаат на мене?
47. Знам ли да простам?
48. Дали константно живеам во минатото?
49. Знам ли да одвојам доволно време за себе?
50. Поставувам ли доволно прашања?