Приказна за 20 секунди: Што е правилно, а што погрешно?

Банкај Јотаки бил најпознатиот јапонски зен учител, кој држел медитации што траеле дури и по неколку седмици, а на истите се собирале многу ученици.

prikazna-za-20-seundi-sto-e-dobro-a-sto-pogresno-1

Во текот на собирите, еден од учениците бил фатен како краде. Тогаш останатите ја пријавиле случката кај учителот и побарале тој ученик да се исфрли од групата, но Банкај решил да ja игнорира нивната пријава и барање.

После некое време, истиот ученик повторно ја направил истата работа, а учителот и понатаму го игнорирал неговото однесување. Игнорирањето од страна на учителот ги револтирало останатите ученици, па затоа решиле да состават петиција во која барале крадецот да се оддалечи од групата, бидејќи во спротивно тие ќе ги напуштат медитациите.

Откако Банкај ги прочитал барањата, тој ги собрал учениците околу себе и им рекол: „Вие, браќа сте мудри. Знаете што е правилно, а што е погрешно. Вие можете да отидете и да учите на друго место, но овој сирот ученик дури и не прави разлика меѓу доброто и лошото. Кој ќе го научи како да прави разлика, ако не јас? Затоа ќе го задржам овде, дури и ако сите си заминете.”

Му потекле солзи од очите на крадецот, а сите желби за крадење од него исчезнале истиот тој миг. 

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg