Слатки вкусови кои ќе ве вратат во детството (фото)
Колку пати ви се случило да видите нешто во продавница што ви било омилено слатко како мали и со посебен мерак да си го купите?
Нема поголемо задоволство од моменталното уживање и враќање во детството преку вкусот на Чунга Лунга мастиките, кашата или гумените Харибо бонбони.
Има многу други мастики, но ниедни го немаат тој вкус кој можеби ќе се изгуби за 5 минути, но радоста е голема.
Можеби може да намачкате Нутела или да јадете чоколаден корнфлекс, но бебешката каша Чоколино е оброкот за кој понекогаш би замениле и пица, само за да се сетите како ви било некогаш.
Чоколадната табла на Агроплод беше едно од најевтините чоколади, но и тоа ни беше доволно. Шарениот Бонитоп и одбирањето на омилената боја, поделбата со другарчињата се незаборавни.
Има ли некој што не ги сака крем бананите, лентите Хуба Буба мастики од кои се правеа најголемите балони или чоколатцата Животинско царство со сликички кои ги лепевме во албум?
Ова се само дел од слатките вкусови кои ќе ве вратат во детството:
Имате уште некој омилен вкус кој ве враќа во детството?