Секогаш нешто ќе фали, за да не биде цело

Будење со насмевка, изгужвани чаршави, две чаши со црвено вино, недопиено, завеси спуштени, чувство на сон, сепак е јаве.

sekogas-nesto-ke-fali-za-da-ne-bide-celo-1

 Минување со рацете низ неговата коса, гледајќи го како спие, божевствено чувство, знаеш дека е твој, целосно.

Tука е до тебе, не може да избега, ако избега си викаш ќе избегам со него, ќе ме поведе со себе.

Чувствуваш дека ќе ти препукне срцето, започнуваш да го гушкаш, да го гушиш и тогаш тој се разбудува, те бакнува во чело, ја префаќа твојата половина со двете раце и те прилепува кон него.

Се бакнувате до бесконечност, почнуваш да плачеш, зарем заслужувам толкава среќа си велиш, наеднаш добиваш одговор дека не заслужуваш.

Тој бакнеж се претвора во јама која те голта во него, паѓаш и се будиш…од твојот најлош кошмар кој посакуваш да биде јаве.

Толку силно посакуваш, но не може, не е интересно ако има се, секогаш нешто ќе фали, за да не биде цело.

Секогаш некој ќе фали за да не бидеш целосен.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg