Таа беше моето затишје пред бура, а јас бев нејзиното торнадо кое ја вртеше во круг!

Беше адреналински тип, од оние девојки што знаат да те смират во моментите на лудило со неочекувана авантура од која ти бегаат мислите, раштракани во мозокот.

taa-bese-moeto-zatisje-pred-bura-a-jas-bev-nejzinoto-tornado-koe-ja-vrtese-vo-krug-1

Беше една од оние девојки кои сонуваат со отворени очи, имаше надеж за десет животи, а јас можев да ѝ дадам надеж само за еден живот.

Но, и таа една надеж умре, ја убив со својата гордост.

Беше од оние што никогаш не спијат во прегратка, но еднаш конечно се предаде, заспа слушајќи го моето срце лежејќи ми на градите, спокојно и мирно.

За момент почувствував како светот се врти околу нас двајцата, сфатив дека ја сакам, го сакав тоа мое затишје пред бура кое ми предизвикуваше бура во срцето.

Но, се претворив во торнадо, нејзино торнадо кое ја вртеше во круг со сите тие неискажани чувства, непочувствувани бакнежи, неискажани зборови од кои ѝ се вртеше во главата.

Се плашев од тоа затишје кое знаев дека еден ден може да се поретвори во торнадо, исто како мене, би ме вртело во круг постојано, сè би се вртело околу неа, ја имаше таа моќ да ме заврти за 360 степени во секунда, а јас да се чувствувам како да поминала вечност.

На крај се предадов, оставив затшјето во мене да ја надгласи љубовта, оставив таа да се претвори во торнадо.

Беше премногу за мене, ја оставив бидејќи бев премалку за неа.

Не бевме еден за друг, барем така се тешам сè уште, дека не бевме судени, а не верувам во судбина.

Сега таа е торнадото кое врти нечии судбини во круг, прикриена во затишје пред бура кое го остави моето срце потиштено, останатите срца избезумени, го остава секој што се претвора во торнадо и ја врти во круг.

Повторно се претвора во затишје пред бура, но никогаш повеќе мое затишје кое некогаш ми предизвикуваше бура во срцето.

Сега ми предизвикува бура во спомените, знаејќи дека нема да ми лежи во прегратки спокојно и мирно како некогаш, никогаш повеќе.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg