8 Клучеви до вратата на среќата кои ги имате во себе
Среќата е релативна работа во животот на секој човек, односно избор кој го правиме или не го правиме секој ден, до крајот на нашето постоење.
Дали ќе одберете среќа или тага денес, утре, до крајот на животот одлучувате вие, но доколку не знаете како да го направите тоа побарајте еден од овие клучеви во себе и отклучете ја вратата на среќата уште денес.
1. Ослободете го вашето срце од негативни чувства
Тоа што било поминало, без разлика дали предизвикало негативно влијание од кое произлегле негативни чувства во вашето срце.
Ослободете го срцето од тие негативни чувства веднаш за да направите простор во него за оние позитивните.
2. Ослободете го мозокот од негативни мисли
Срцето не може да биде целосно ослободено од негативните чувства се додека мозокот ви произведува негативни мисли.
Мислите предизвикуваат чувства. Нека вашите мисли бидат позитивни, позитивните чувства сами ќе се појават како нивна последица.
3. Избирајте едноставно, наместо комплицирано
Зошти да биде комплицирано кога може да биде едноставно. Секој проблем има решение, доволно е само да посакате да го пронајдете она едноставното, наместо комплицираното.
Откако ќе посакате верувајте само ќе се појави пред вашите очи и ќе ви покаже дека светот е едноставно место за живеење со едноставни проблеми кои самите луѓе ги прават комплицирани.
4. Избегнувајте непотребна драма
Доколку сте девојка, бидете дама, а дамата не сака драма. Доколку сте момче, бидете џентлмен и запомнете дека на еден џентлмен не му доликува да драматизира никогаш без потреба.
5. Престанете да ги осудувате другите
Нека не ви биде гајле кој што прави во својот живот, бидејќи вие имате свој живот за кој што треба да се грижите.
Доволно е да имате разбирање за секого и да не очекувате истото да го направат тие за вас, бидејќи тоа е еден од најважните клучеви за да ја отворите вратата на среќата.
6. Сакајте се себеси
Никој не може да ве сака на начин на кој што може да се сакате самите себеси. Ако се прифатите какви што сте навистина, со сите свои мани и недостатоци, ќе сфатите дека не постои посовршен човек од вас на Земјата, а тоа ќе ви биде доволно да бидете среќни.
7. Бидете благодарни
Не тагувајте по тоа што го немате, подгответе се да го добиете доколку силно го посакувате и не заборавајте секогаш да се заблагодарувате за она што веќе го поседувате.
Можеби не е се што сте сакале, но е се што имате сега во моментот, замислете како би ви било да го изгубите? Би биле несреќни, а тоа значи дека веќе сте среќни.
8. Имајте отворен ум
Живејте го само својот живот и не размислувајте за другите, освен во моментите кога сакате да им помогнете или да ги посоветувате како да ја пронајдат среќата во самите себеси.
Нема ништо поубаво од човек со отворен ум, бидејќи таквите знаат дека се е релативно, секој има свое право на избор дали ќе биде среќен или не, а таквите секогаш избираат да бидат среќни.