Треба ли да те потсетувам колку те сакав?

Треба ли да те потсетувам дека твојот поглед ми предизвикуваше благо гадење кога ќе се вкрстеше со мојот неочекувано? Треба ли да се потсетувам, па да ми се гади повторно, но овој пат од секој твој поглед кој ми кажуваше дека не ме сакаш?

treba-li-da-te-potsetuvam-kolku-te-sakav-1

Треба ли да те потсетувам како се губев во твоите прегратки, целосно навлезена во мојот имагиниран свет, оној вистинскиот исчезнуваше кога ќе ме прегрнеше.

Треба ли да се потсетувам, па да се изгубам повторно сама во овој свет кој после тебе стана толку голем, реален, лош?

Треба ли да те потсетувам како се топев во твоите усни, побрзо од чоколадо на жежок оган?

Треба ли да се потсетувам, па да си ги облизнувам усните обидувајќи се да те вкусам повторно, но вкусувам само загорено чоколадо кое предолго останало на оган.

Треба ли да те посетувам како се чувствував кога знаев дека се гордееш со мене? До небо можев да полетам.

Треба ли да се потсетувам како сум паѓала од тоа небо секојпат кога без причина ќе ме прекореше или ќе ми кажеше дека не сум доволно добра за тебе?

Треба ли да те потсетувам колку добар беше ти за мене, најдобар!

Треба ли да се потсетувам дека никогаш не ти бев доволна? Доволно за да почнам да плачам како дете.

Треба ли да те потсетувам колку те сакав?

Треба ли да се потсетувам колку лесно сега те заборавам, колку ли само лесно избледе во моите сеќавања, стана едно од нив, сеќавање кое боли, пече, како восок на гола кожа.

Треба ли да те потсетувам колку уживав во твоето присуство?

Треба ли да се потсетувам колку сега умирам во прегратките на твоето отсуство?

Треба ли?

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg