Црно е, мириса на горчина и се вика заборав!

Те видов пред некој ден. Сакав да наминам на едно здраво. Да те прашам како си и што направи со животот.

crno-e-mirisa-na-gorcina-i-se-vika-zaborav-01.jpg

Мило да ти се насмевнам и да ти споделам нешто мое. Да ми кажеш како се твоите и да им пратам еден поздрав.

Да ти шепнам дека ми е мило што те гледам и да заминам задоволна, затоа што нели со добро завршивме.

Те видов пред некој ден и свртев глава. Наеднаш илјадници слики ми поминаа низ мислите.

Стотина твои фигури и една моја, од почеток до крај. Почувствував како целото тело ми го облева студена пот, а пулсот ми удира во петите.

Лицето ми се претвори во Мона Лиза од миксот на емоции кои ме обземаа. Имав потреба да пуштам некоја солза затоа што убавите спомени се уште наоѓаат начин да ја надминат суровата реалност.

Моево срце се уште го помни она доброто во тебе и постојано бие битка со разумот.

Мојава душа е вечен романтичар кој незапирливо пее за незаборавена љубов, затворајќи ги очите секој пат кога бездната ќе излезе пред нив.

Затоа имав потреба да пуштам некоја солза, но не си дозволив. Чудно е како успеав толку вешто да го испраксирам тој израз на рамнодушност и перфектно да одглумам незаинтересираност секој пат кога твоето име ќе го стават на маса.

Ќе слушнеш дека одамна си престанал да ми значиш, а ти ветив дека нема да се случи тоа. Ќе ти речат дека сум продолжила понатаму, но јас се уште тапкам во место.

Можеби ќе ти спомнат и дека едвај те помнам, но ќе знаеш дека лажат. Се уште сум една и единствена јас, твојата најмила.

Ах, ме виде и ти пред некој ден. Ме виде и не рече здраво, туку ја сврте главата. Не знам какви емоции допреа до тебе во тој момент, ниту што ти мина низ главата, но видов како одглуми дека не ме гледаш.

Видов како незаинтересирано ја изгасна цигарата и додека димот се ретчеше, мојата надеж стивнуваше.

Тогаш сфатив дека она што некогаш го нарекувавме љубов сега има ново име и облик. Црно е и мириса на горчина, пече како изгореница, боли како каснатина од пчела, а се вика заборав.

И знаеш што? Нас не отсликува!

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg