Мудри зборови од момчето кое умира на 24 години

„Имам само 24 години, а веќе ја одбрав својата последна кравата. Онаа која ќе ја носам на својот погреб, за неколку месеци. Може нема да ми одговара со оделото, но мислам дека совршено ќе одговара со пригодата,“ пишува едно 24-годишно момче.

mudri-zborovi-od-momceto-koe-umira-na-24-godini-1.jpg

Останатиот дел од писмото до целиот свет гласи:

„Дијагнозата за рак пристигна прекасно за да се надевам дека ќе поживеам. Сфатив дека најважната работа е зад себе да оставиш подобар свет од оној на кој си пристигнал. Мојот досегашен живот нема да донесе некаква голема промена, затоа што не направив ништо премногу значајно. Но, кога сфатив уште колку малку време имам, работите ми станаа појасни. Сфатив што ми е навистина важно. И ова го пишувам од малку себична причина.

Сакам да му дадам смисла на мојот живот со тоа што ќе го споделам ова писмо со вас. Не губете време на работите во кои не уживате. Очигледно е дека нема да успеете во нешто што не го сакате.

Трпението, страста и посветеноста доаѓаат само ако го сакате она што го правите. Глупаво е да се плашите од туѓото мислење. Стравот ве прави слаби и ве парализира. Ако му дозволите, тој само ќе расте и расте, додека не ве обземе целосно.

Слушајте го внатрешниот глас и следете го. Некои ќе ве сметаат за луди, но некои во вас ќе гледаат легенда. Преземете ја контролата врз својот живот. Преземете одговорност. Ограничете ги лошите навики. Занимавајте се со спорт кој ве расположува. Не ги одложувајте работите. Животот нека ви биде обликуван од вашите желби, не од туѓите. Ценете ги луѓето околу вас. Пријателите и семејството се извор на сила и љубов. Не ги земајте здраво за готово.

Се грижиме за своето здравје, а тогаш пред крајот сфаќаме дека телото е всушност обична кутија, место во кое се наоѓа нашата личност, мислите, верувањата, намерите. Ако во кутијата нема ништо што може да го промени светот, тогаш не е важно ако таа кутија исчезне.

Верувам дека сите имаме потенцијал, само немаме храброст да го оствариме. Можете само да чекате работите да се случат, а можете и сами да ги започнете. Зависи од вас.

Оставете трага. Имајте смислен живот. Местото кое го напуштаме е едно големо игралиште. Но, не сме на него засекогаш. Нашиот живот е кратка искра на оваа мала планета. Затоа, уживајте. Страсно. Направете ги работите интересни. Направете ги вредни.

Ви благодарам!“

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg